Епископот диоклиски Методиј кој во четрвртокот навечер заедно со други граѓани бил истепан на мостот Ѓурѓевица на реката Тара во Црна Гора е хоспитализиран на Воено медицинската академија (ВМА) во Белград, објави Блиц.
Постоеле сомневања дека во завчерашниот инцидент епископот здобил повреди на внатрешните органи, и можно внатрешно крвавење, пишува порталот IN4S.
Иако владиката Методиј рекол дека добро се чувствува, дека не ги осудува полицајците и дека сака да го сочува мирот, тој сепак после дополнителните медицински прегледи бил задржан на ВМА.
Инцидентите помеѓу граѓаните и полицијата се случија завчера во повеќе градови во Црна Гора откако тамошниот Парламент го усвои Законот за слобода на вероисповед, за кој критичарите тврдат дека бил против Српската православна црква и нејзиниот имот во Црна Гора.