Почетна Вести Епархијата на Тимотеј во Австралија активна во едукација на верниците
Епархијата на Тимотеј во Австралија активна во едукација на верниците

Епархијата на Тимотеј во Австралија активна во едукација на верниците

257
1

Новоформираната Австралиско-сиднејска епархија на МПЦ, под администраторство на Владиката г. Тимотеј ја шири својата активност во поглед на едукација на своите верници. По основањето на веб страницита, сега од печат излезе првиот прој на епархиското списание насловено „ПРАВОСЛАВИЕ“.

-Списанието „Православие“ претставува православно списание, кое сoдржи најразлични современи духовни теми, кои се поврзани со православната вера, култура и образование, кои се најнеопходни во црковната мисија за просветлување на православниот човек во Австралија. Исто така списанието содржи најнови вести од епархискиот живот. ​Списанието е бесплатно и ќе излегува четири пати годишно, велат од епархијата.

​Првиот број од списанието изобилува со најразлични духовни теми и истиот може да се најдете во сите храмови на Австралиско – сиднејската епархија, како и на сајтот на епархијата.

-Списанието е плод на веќе низата проекти на Епархискиот Просветен Одбор при епархијата, кој внимателно гледајќи ја актуелноста на изборот на содржината и квалитетот на изданието на списанието – заклучува дека Уредувачкиот одбор заедно со стручниот тим посветил големо внимание и труд, па ако според првенчето се оценува, ќе треба да очекуваме уште подобри наредни броеви, велат од епархијата.

Коментар(1)

  1. Gospodi Isuse Heiste pomilij go otec Gavril.
    Toj neumorno raboti za Pravoslavnata vera i MPC vo Avstralija.
    Koj ima oci neka vidi koj ima usi neka cuje.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *