Почетна Анализа Екскузивно: Синаксис на Претстојателите и расчинувања за рускиот упад
Екскузивно: Синаксис на Претстојателите и расчинувања за рускиот упад

Екскузивно: Синаксис на Претстојателите и расчинувања за рускиот упад

808
0

На канонски начин, Александриската Патријаршија го возвраќа ударот, одговарајќи на провокативните дејствија на Москва, која надмина секоја граница со основањето на Егзархија во границите на древната Патријаршија.

Согласно ексклузивните информации на orthodoxia.info, веднаш ќе биде испратена делегација при Вселенскиот Патријарх, кому ќе му биде предадено патријаршиско и синодско писмо од од страна на Александриската Црква, со кое бара да свика Синаксис на претстојателите со единствена тема – рускиот упад во Африка.

На овој Собор ќе бидат повикани само претстојателите на древните Патријаршии (Константинополска, Александриска, Антиохиска и Ерусалимска), како и архиепископот на Кипар, односно единствениот претстојател на црква која, освен древните, е основана од Вселенски собор.

Исто така, оваа делегација ќе ги посети и седиштата на Антиохиската и Ерусалимската патријаршија, за да им предаде писмо во кое опсежно ќе биде изложена состојбата, а слично писмо ќе добијат и сите останати православни претстојатели.

Расчинување за секого што антиканонски ќе стапне во Африка

Чекорите на Александрија ќе имаат уште поодлучен карактер во случај „егзархот“ на Руската црква, епископот Леонид, да се појави во Африка за да „ја пасе“ својата „паства“.

Согласно истите извори на orthodoxia.info, одлуката на Синодот предвидува непосредно расчинување на рускиот епископ, како и на секој друг клирик што ќе дојде да служи во јурисдикцијата на Александриската Патријаршија, а се очекува да има и постапки против африканските клирици кои нема да се вратат во својата Црква.

Вреди да се забележи дека од пресметките направени од јерарси на Александриската Патријаршија, не се поклопуваат бројките на кои се повикува Московската Патријаршија, нешто што кај архиереите на Патријаршијата создава чувство дека Москва не пристапила само на канонски клирици, туку и на своеволни, расчинети клирици од Православната, но и од Римокатоличката црква.

„Врне“ рубљи во Африка

Во секој случај, во Александриската Патријаршија со загрижување го следат развојот на „прозелитизмот“ на клириците во Африка од страна на Московската Патријаршија, која, согласно информациите што стасале во Александрија, им нуди на свештениците скоро четворна плата од таа што ја добиваат, како и други бонуси.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *