Почетна Вести ЕКСКЛУЗИВНО: Вартоломеј отвора процес за Автокефална црква во Украина?
ЕКСКЛУЗИВНО: Вартоломеј отвора процес за Автокефална црква во Украина?

ЕКСКЛУЗИВНО: Вартоломеј отвора процес за Автокефална црква во Украина?

577
2

Синодот на Вселенската патријаршија го процесуирал на понатамошно разгледување барањето на Украинската Рада (Парламентот) за прогласување на Автокефалност на Украинската Црква.

fanar pismoВо соопштението од седницата на Синодот одржана на 12 и 13 јули, пишува дека Синодот на Вселенската Патријаршија, донел одлука да биде заверено барањето од Собранието на Украина, испратено до Вселенската Патријаршија, за доделување Автокефалија на Украинската Црква.

Ова барање, според соопштението било препратено до соодветната Синодална Комисија на соодветно разгледување, што предизвика сериозно внимание во православниот свет, со оглед на тоа дека ова барање не е одбиено, туку ставено во понатамошна процедура.

Познавачите на црковните состојби велат дека со оглед на тоа што ова барање за Автокефалност доаѓа од политичка институција, како што е Украинскиот Парламент, а не од црковна структура, Вселенскиот патријарх требало веднаш да го одбие, а не да го процесуира.

kievska patrijarsijaНо тоа што на ова политичко барање му е даден ваков третман, според познавачите на состојбите, овој потег на Вселенската патријаршија може да се толкува и како своевидна порака до Московската Патријаршија, особено по одлуката на Москва да не учествува на Соборот на Крит.

Руската православна црква во Украина има автономна Украинска православна црква, која е во состав на РПЦ. Украинската Рада пак, побара од Вселенската патријаршија да ја признае Автокефалноста на Киевската Патријаршија, која во православниот свет, како и МПЦ е непризнаена.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(2)

  1. Ukrainskata crkva ne e pod jurisdikcija na Vselenskata patrijarsija , nitu pak pod jurisdikcija na Vartolomej, taka da toj ne e nadlezen da odluciva za nejzinata avtokefalnost. Taa e del od Moskovskata patrijarsija i nejzinata avtokefalnost e prasanje na Moskovskata patrijarsija. Vartolonej e prv po cast, a ne po vlast. Toj moze samo da potvrdinecija avtokefalnost samo na prethoden predlog na majka crkva.

  2. Od koga toa Vartolomej da ima vaznost na istocen papa<Da e toj tolku mocen, sekoja crkva koja se odvojuva od svojata majka crkva, toj prvin bi si ja potcinil na sebe si . Pa bas i vo toa e sporot so Moskva , sto toj saka site otcepeni crkvi da gi potcini pod svoja vlast. Institucija na cezaropapizam i e strana na istocnata crkva , Carigradskiot patrijah nikogas do sega ja nemal taa moc prv da priznava ili da ozvanicuva aftokefalnost nitu na edna crkva, pa ottamu nitu na Ukrainskata. da bilo taka, toj kako e alcen za pari i vlast do sega ce imase iljada samostalni- avtokefalni crkvi. Ako e toa mozno nie ke barame da imame Kumanovska avtokefalna crkva, bidejki ne sakame da sme pod ova VMRO-ovska (Makedonska ) crkva .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *