Почетна Вести Христијанство ЕКСКЛУЗИВНО: Вартоломеј не се откажува од МПЦ – Автокефалноста во процедура
ЕКСКЛУЗИВНО: Вартоломеј не се откажува од МПЦ – Автокефалноста во процедура

ЕКСКЛУЗИВНО: Вартоломеј не се откажува од МПЦ – Автокефалноста во процедура

2.09K
2

Вселенската патријаршија и официјално потврди дека не се откажала од намерата да го решава прашањето за автокефалноста на МПЦ-ОА и покрај противењето на Српската и на Руската православна црква.

Патријаршијата во Фанар со соопштение извести за денешната средба на македонската државна делегација со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, посочувајќи дека главната тема на разговорите било токму прашањето за МПЦ-ОА.

Во соопштението Вселенската патријаршија јасно потврдува дека барањето на МПЦ-ОА за апелациона постапка е потврдено и прифатено и дека процесот на решавање на статусот е во процедура.

-Во текот на разговорот беа ставени на тапет претходните фази на прашањето, помеѓу кои и желбата на тамошната Црква да се врати во каноничност, под името Охридска архиепископија, согласно своевремено поднесената молба за апелација (еклитон) од нејзина страна. Атмосферата на разговорот беше топла и искрена, а потоа високите гости седнаа на патријаршиската трпеза, по што си тргнаа за назад. Господинот премиер и тие со него ја изразија својата почит и доверба кон Мајката Црква, чиј благослов го добија за целиот тамошен клир и народ, стои во соопштението на Вселенската Патријаршија.

Вселенскиот патријарх, посочил дека ќе ги покани претставници на СПЦ и на МПЦ во Истанбул за понатамошни консултации околу решавањето на црковниот спор.

За време на разговорот, покрај Вселенскиот патријарх биле присутни и Високопреосвештените митрополити Француски г. Емануил, Силивриски г. Максим, Адријанополски г. Амфилохиј, Високопреподобниот архимандрит г. Јоаким и ѓаконот Григориј, секретар и помошник секретар на Светиот и свештен синод, соодветно, како и почитуваниот г. Константин Деликонстантис, архонт учител на Родот и директор на Првата патријаршиска канцеларија.

Владата денеска соопшти дека Вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј ги прими, на негово барање, Премиерот Оливер Спасовски, и лидерот Зоран Заев и нивните соработници Дане Талевски и Даријан Сотировски.

Коментар(2)

  1. Cudni se ovie potezi na vselenskio patrijarh- na Zaev i na Spasovski fa im vetuva i eventualno da im dodeli avtokefalnost naMPC. Daim vetuva na crkveni dostojanstvenici-iako toa ne se, bar da se vo crkovni odori pa i nekako, a toj na politicari od privrena aktuelnost, bas e za cudenje. Po se izgleda deka toj nee e pri cista svest, skrenat e malku.

  2. Па ако може Охридската архиеписопоја да биде деградирана со одлука од страна на “султан” , што воопшто нема никаква канонска тежина, и ако таа деградација ја влечеме векови наназад , фактички поради прифаќање на тој акт од страна на други помесни цркви, зошто да не можат претставници од православна вероисповед од секуларната власт да отидат на посета кај првиот меѓу еднаквите да поразговараат за црквата на својот народ;

    Ова не е ниту прв а сигурно не и последен пат претставници од секуларна власт да бидат примени кај највисоки црковни власти ;
    Да не треба да разговараат за “ како сте по дома”, кога имаме проблем?!
    И
    Плус во делегацијата е и претседателот за верски заедници!
    +
    Се гледа од далеку чии помисли се под дејство на “клеветникот”!
    Зошто си дозволувате такво нешто?!
    Каде е напишано дека Вселенскиот ветил нешто?
    Ако не сте верник зошто воопшто посетувате овој сајт?
    Верник не може да се изразува така за Вселенскиот , па дури и да е нешто вистина , а во овој случај не!
    +
    Кога плукаш во висина( а Вселенскиот е на високо) , внимавај да не ти се врати плунката назад во око, оти тој е многу високо и твојата плунка нема шанси да стигне до него!

Напиши одговор на Djoko Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *