Почетна Анализа Ексклузивно: Разговорите при средбата на Ерусалимјаните со Вселенскиот патријарх
Ексклузивно: Разговорите при средбата на Ерусалимјаните со Вселенскиот патријарх

Ексклузивно: Разговорите при средбата на Ерусалимјаните со Вселенскиот патријарх

539
0

Попладнево во Константинопол Вселенскиот патријарх им го запали алармот на претставниците од Ерусалимската патријаршија, во текот на средбата која се оствари по повод претстојниот собор во Аман, Јордан.

Се чини дека Вселенскиот патријарх им рекол на испратените од Ерусалимскиот патријарх дека овој разговор требаше да се оствари однапред, а не отпосле, напомнувајќи им дека со ставот што во последно време го држи Ерусалимската патријаршија го става во опасност единството на Православието, кое Фанар ќе го заштити.

Атмосферата при средбата била особено пријателска, а двете делегации разговарале подолго време за сите параметри на кризата која е предизвикана. „Ерусалимскиот патријарх падна во стапица“, се слушнало во текот на разговорот, при кој архиереите од Ерусалим постојано се обидувале да го убедат Вселенскиот патријарх и архиереите на Престолот дека тие стојат покрај нив, дека Ерусалим го поддржува и чекори заедно со Константинопол.

И покрај настојчивите прашања во врска со агендата на средбата во Аман, но и за причините кои ја доведоа Ерусалимската патријаршија до оваа иницијатива, одговорите што биле добиени не биле примени како особено откровителни.

Архиереј кој учествувал на средбата вели за orthodoxia.info дека впечатокот кој го добил од архиереите од Ерусалимската патријаршија е дека „не знаат зошто го прават тоа“, карактеристично забележувајќи дека нивната немоќ да претстават докази за основаност за нивната иницијатива, уште повеќе покажува дека таа иницијатива не е нивна.

Чувството на безизлез во кој се наоѓа Ерусалимската црква беше видлив за очите на Константинополските архиереи, а еден од нив дури им рекол на архиереите од Ерусалимската патријаршија дека ако продолжи оваа руска експанзија „вие сте следните“, поради стратешкото значење на поклоничките места.

Согласно информациите на orthodoxia.info, Вселенскиот патријарх расчистил дека нема никаква можност самиот или делегација на Патријаршијата да учествува на соборот во Аман, поставувајќи им логично прашање на митрополитите од Ерусалим: „Киевскиот го поканивте?“.

Според истите извори на orthodoxia.info, делегацијата на Ерусалимската патријаршија не дала јасен одговор за претстојателите што ќе се појават на средбата во Јордан, зборувајќи за седум цркви кои ќе бидат присутни, или преку своите претстојатели, или преку претставници.

Извор:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *