Почетна Вера МПЦ-ОА Ексклузивно: Благодатниот оган пристигна и во Македонија, голема радост и во услови на Пандемија

Ексклузивно: Благодатниот оган пристигна и во Македонија, голема радост и во услови на Пандемија

1.34K
0

Иако нема да има вечерва верници во храмовите и во манастирите на МПЦ-ОА, сепак прославата на Воскресението Христово – Велигден и годинава ќе биде торжествена, затоа што и покрај затворени граници, пристигна и годинава Благодатниот Оган, кој денеска на Велика Сабота слезе во црквата на Христовиот гроб во Ерусалим, пишува Религија.мк

Оваа година Благодатниот оган доаѓа преку Грција, а голема улога во тоа има грчката држава и грчката влада, која заедно во координација со македонската влада овозможи Огнот да стаса во Скопје со авион од Атина до Скопје.

Благодатниот Оган на аеродромот во Скопје го пречека Директорот на Комисијата за односи со верските заедници, Дарјан Сотировски, кој потоа им го предаде на претставниците на МПЦ-ОА, Архимандритот Агатон од Скопската Епархија, јеромонахот Кирил од Бигорскиот манастир и свештеници од Струмичката епархија.

Од Аеродромот во Скопје, Благодатниот Оган замина во сите цркви и манастири на МПЦ-ОА.

И покрај сложената ситуација поради распространувањето на вирусот Kовид-19 и затворените граници меѓу државите, во знак на големото пријателство меѓу нашиот и грчкиот народ и оваа година, за радост и поткрепа на христијанските верници, во земјава пристигна светиот оган, познат и како благодатен оган, велат од Бигорски.

Инаку, Македонија е една од ретките држави во кои денеска пристигна Благодатниот Оган. Свои делегации по Огнот во Ерусалим испратија, само Руската, Грчката, Грузиската и Романската Православна црква.

Погледнете ги видеата и изјавите од пристигнувањето на Благодатниот Оган. (Видеата се слободни за користење од сите медиуми, без обврска да се наведе извор)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *