Почетна Вести Екс Папата Бенедикт XVI откри зошто се повлекол од папскиот трон
Екс Папата Бенедикт XVI откри зошто се повлекол од папскиот трон

Екс Папата Бенедикт XVI откри зошто се повлекол од папскиот трон

409
0

Пензионираниот Папа Бенедикт XVI, во ексклузивно интервју за „Ла Република“ открил поради кои причини се повлекол од папскиот трон во Ватикан. Екс Папата тврди дека неговото повлекување од папаската служба било неизбежно, а тоа го констатирал по посетата на Мексико и Куба во март 2012 година. Тогаш вели почувствувал дека не може да го издржи напорот што од него го бара функцијата.

-Во тешка ситуација најдобро е да застанеш пред Господ и да бараш како ќе продолжиш по патот на верата. Одлучувачки момент беше патувањето во Мексико и Куба во 2012 година. Тогаш повеќе не се гледав во состојба да преземам уште едно такво напорно патување. За 2013 беше предвидено патување во Рио де Жанеиро на Светскиот ден на млади. Како што папата Јован Павле II предвиде, физичкото присуство на Папата е неизбежно. Многу добро ги почувствував границите на моите физилки сили. За тоа потоа разговарав со својот лекар по што одлучив да не патувам на Светскиот ден на млади во Рио. Од тогаш морав за кратко време да размислувам за датумот на моето повлекување. Бев потполно убеден дека мојот наследник, како и што беше, ќе ја врши волјата Божја и иницијативите започнати од мене ќе ги заврши добро, вели почесниот Папа Бенедикт XVI во интервјуто

benedikt 2Бенедикт XVI вели дека не е случајност што одлучил и после повлекувањето од Папската служба да остане во Ватикан.

-Уште на почетокот на мојот понтификат бев потполно свесен на моите граници и ги прифатив. Добив голема подршка, преку молитви, но и преку писма од целиот свет од познати и потполно непознати луѓе. Од таму и во тешките моменти бев сигурен и се уверив, дека Црквата ја води Господ. Послушноста кон мојот наследник никогаш не беше доведена во прашање. По изборот на папата Франциск се разви длабоко заедништво и пријателство. Во моментот на неговиот избор, како и многумина, имав спонтано чувство на длабока благодарност за провидноста. После двајца папи од Централна Европа со изборот на овој Папа погледот е упатен на универзалната Црквата. Веднаш по неговиот избор се обиде да ме добие телефонски. Откако не успеа, се обидел повторно, веднаш по средбата со верниците од целиот свет од балконот на базиликата Свети Петар и со мене разговараше срдечно. Од тогаш меѓу нас се разви прекрасен татковско-братски однос. Скоро пред секое големо патување тој ме посетува, изјавил почесниот папа Бенедикт XVI во интервјуто за италијанска „Ла Република“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *