Почетна Вести Европа Екс американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер на средба со Вартоломеј
Екс американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер на средба со Вартоломеј

Екс американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер на средба со Вартоломеј

690
1

Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер викенов бил во посета на Вселенската Патријаршија и имал средби во Патријархот Вартоломеј, објави Патријаршијата во Фанар.

Заедно со Рикер бил и американскиот амбасадор во Анкара Дејвид Сатерфилд.

Во споопштението на Вселенската патријаршија нема детали за што точно разговарале Рикер и Вартоломеј,  но посочуваат дека имале долга дискусија на разни теми од заеднички интерес.

Средбата била во Саботата на 3 октомври, а во неделата на 4 октомври.

Инкау, Филип Рикер е поранешен американски амбасадор во Македонија и еден од големите поддржувачи на Македонија и нејзин голем пријател. Во тој контекст и познавачите на црковните состојби коментираат дека една од темите на кои сигурно разговарал со Вартоломеј е и македонското црквно прашање, кое во своја надлежност за решавање го презеде Вселенската Патријаршија.

Коментар(1)

  1. Доста се занесувате и ја дезинформирате јавноста!
    Патријаршијата во Фанар, нема никогаш да признае „Македонска Православна Црква“, нема да признае ниту функционална автокефалија (украинското сценарио е доволен доказ за тоа), туку ако воопшто тоа го направи, ќе биде зависна, лажна и привидна „автокефалија“ (како “забетонираниот” идентитет на велепредавничкиот двоец Заев-Димитров).
    Друг проблем ќе биде ако цената за таквата лажна автокефалност, стане пазарењето со задграничните епархии на МПЦ, кои нема да прифатат грчки господари врз македонските цркви во дијаспората, што неминовно ќе доведе до нов раскол во македонското црковно и национално ткиво.
    Што ако Фанар побара ставропигијални црковни имоти во Македонија (како што го направи тоа во Украина), кадешто значителни финансиски даренија ќе одат на контото, на туѓа за нас, грчка црква, која патем, го негира постоењето на народот чии имоти сега ги бара за свои ставропигии?
    Целата заблуда што ја спроведувате преку овој квислиншки медиум, не е ништо друго, туку само завршување на преспанското предавство, со цел уништување на единствената инстутуција во Македонија што остана македонска после велепредавството во Преспа.
    Трет проблем е што Цариград неминовно ќе го наметне прашањето за промената на календарот, што дополнително ќе направи богослужбено-литургиски духовен расцеп помеѓу православното население во Македонија.
    Народот, верниците, тоа го гледаат. Знаат за што се работи, а тоа е уништување на Македонската Православна Црква, каква што ни` ја оставија првите четири Охридски и Македонски Архиепископи по возобновувањето: Доситеј, Ангелариј, Гаврил и Михаил.
    „Признавањето“ од Фанар, ќе биде повторување на историјата „ …грчки патрик ќе ни’ строши славна охридска столица…“, ќе испрати „владици Грци, лицем светци, срцем в`лци“, кои ќе се осигураат македонскиот народ никогаш повеќе да не крене глава.
    Најдете еден момент во мачната и крвава историја на овој напатен македонски народ, кога нешто добро дошло за нас од Фанар.
    Нема.
    И уште нешто, како може да биде добредојдена, па и прифатлива „помошта“ од луѓе кои го потпишаа и брутално го спроведуваат преспанското предавство?
    Помош од џелатот за полесно спроведување на сопственото (духовно и национално) самоубиство?!?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *