Почетна Вести ЕКОНОМИСТ: Судирот на Блискиот исток е идентичен како протестантско – католичката војна во Европа
ЕКОНОМИСТ: Судирот на Блискиот исток е идентичен како протестантско – католичката војна во Европа

ЕКОНОМИСТ: Судирот на Блискиот исток е идентичен како протестантско – католичката војна во Европа

84
0

Угледниот светски политички магазин, „Економист“, прави паралела на актуелните случувања на Блискиот исток со „триесетгодишната војна во Европа“ од XVII век.

Тензиите и воените колфликти на Арабскиот полуостров, каде на една страна се „сунитите“ преку Саудиска Арабија и од друга „шиитете“ преку Иран, во многу нешта наликува на крвавата тридецениска војна меѓу Католиците и Протестантите, која во Европа се случуваше од 1618 до 1648 година, пишува во анализата, „Економист“.

Магазинот влече паралели во неколку сегменти карактеристични за овие денешни настани и оние од пред 400 години.

Првата е дека настаните влечат подолги корени, уште од  иранската револуција од 1979 година, а потоа и војната во Ирак од 2003 година. Промените во рамнотежата на моќта се клучен сегмент.

Втората паралела е во религијата, односно дека еднаш започнатите верски конфликти, многу тешко можат да се запрат, особено затоа што страстите кои ги предизвикуваат се огромни.

Третата паралела магазинот ја гледа во ситуацијата, дека слично како и во XVII век, и овде нема да има краен апсолутен победник.

Триесетгодишната војна во Европа беше еден од најголемите воени конфликти од европската историја. Иако на почетокот војната имаше верски и религиозен карактер, како судир помеѓу Протестантите и Католиците, сепак ривалството меѓу „Хасбуршката династија и останатите сили беше главниот мотив.

Единствена „придобивка“ од триесетгодишната војна беше големиот глад, сиромаштија и болести помеѓу населението во Централна Европа. Нешто случно сега се случува со населението на Сирија, кое е најголемата жртва на овој конфликт.

Војната завршила со потпишувањето на „Вестфалскиот договор“ од кој Германија можеби најмногу настрадала, а Франција станала доминантна сила во Европа. Крајот на војната е и почеток на крајот на „Хабсбуршката династија“.

По војната била признаена независноста на Холандија, а била формирена и Швајцарската конфедерација.

Според некои проценки 15 до 20 проценти од германското население настрадало во војната.

Како резултат на војната, Германија била поделена на голем број на територии, со свој посебен суверенитет. Војната била практично ново распоредување на силите на моќ во Европа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *