Почетна Анализа Еден по еден поглаварите на православните цркви откажуваат учество на средбата во Јордан, свикана од Ерусалимскиот патријарх
Еден по еден поглаварите на православните цркви откажуваат учество на средбата во Јордан, свикана од Ерусалимскиот патријарх

Еден по еден поглаварите на православните цркви откажуваат учество на средбата во Јордан, свикана од Ерусалимскиот патријарх

542
0

Еден по друг се редат поглаварите на православните цркви кои го откажуваат учеството на „братското собрание на љубовта“ во Јордан, што го свика Ерусалимскиот Патријарх Теофил, како обид да предизвика Собор на кој ќе се решава за одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае автокефалноста на Украинската црква.

Откако Вселенскиот патријарх, кој со писмо го извести Ерусалимскиот патријарх дека не ја прифаќа иницијативата, сега учеството го откажаа и Атинскиот архиепископ Јероним, Кипарскиот Хризостом, Албанскиот Анастасиј, но и Варшавскиот митрополит Сава, поглаварот на Полската православна црква. Категорично против таквата идеја се изјасни и Александрискиот патријарх Теодор.

Грузискиот, Бугарскиот и Романскиот патријарх засега не се изјасниле писмено дека ја прифаќаат иницијативата, што се толкува како одбивање.

Во овој момент, освен Ерусалимскиот патријарх Теофил и најзаитересираниот за оваа средба, Рускиот Патријарх Кирил, позитивен одговор за учество исшратиле Антиохискиот патријарх Јован и Архиепископот на Чешка и Словачка Ростислав, кои се дефинирани како „сателити на Москва“ во православието. Сепак, учеството на Ростислав се уште може да биде ставено под знак прашалник, поради внатрешните превирања во таа мала црква.

Грчките медиуми кои го анализираат овој собор, пишуваат дека најнеизвесна е позицијата на Српскиот патријарх Иринеј, кој во принцип активно ја поткрепува Руската црква во спорот со Украина, но сака да игра и на картата со Вселенската патријаршија заради најавите Вартоломеј да признае автокефалност во Македонија.

Ако до средба сепак дојде и учествува Српскиот патријарх Иринеј, тогаш тоа ќе биде под притисок и влијание на Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, кој според „ортодоксија.инфо“, е еден од авторите на идејата за средба на поглаварите во Јордан, како и на идејата за „привилегиите на мајката црква-Ерусалим“

Сепак, според изјавите на Рускиот шеф на црковната дипломатија, Иларион Алфеев, средбата во Аман кон крајот на Февруари ќе се одржи и без учество на сите поглавари, иако засега нема никакви теренски активности на Ерусалимската патријаршија дека таква средба се подготвува.

/двери.бг

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *