Почетна Вести Џихадистите упатија морничава порака: Празничните песни ќе се претворат во тага и плач
Џихадистите упатија морничава порака: Празничните песни ќе се претворат во тага и плач

Џихадистите упатија морничава порака: Празничните песни ќе се претворат во тага и плач

161
0

Група која ја поддржува терористичката организација Исламска држава ги повикала џихадистите по божиќниот период низ Европа да изведат напади по трговските центри и болниците, истовремено повикувајќи ги муслиманите да ги избегнуваат христијанските славења, пренесуваат светските агенции.

isssЗаканите од ваквите групи уследија откако европските власти ги засилја безбедносните мерки по нападите во Берлин за кои одговорноста ја презема Исламска држава, а во кои напаѓач со камион влета во топла луѓе на божиќен пазар и усмрти 12 лица.

Nasir Media Foundation, група која ја поддржува Исламска држава, ја објавила својата порака онлајн, пропратена со слика од борци со пушки и ножеви, Дедо Мраз и елка.

„Нивните славења, собири, клубови, трговски центри, театри, кина, плоштади па дури и нивните болници се совршена мета за вас“, било порачно во пораката на исламистчките „Осамени волци“ во Европа.

Во пораката исто така пишувало како Исламска држава „огнометите ќе ги замени со појаси со експлозиви и екплозивни направи и дека пеењето и аплаузите ќе се претворат во тага и плач“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *