
183
0
Наскоро ќе почне реконструкцијата и обновата на џамиите на ИВЗ во Охрид. Проектот ќе се одвива во соработка меѓу Исламската верска заедница и институцијата „Завод и Музеј Охрид“.
Во средата во просториите на ИВЗ бил потпишан и договорот помеѓу Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и директорката на музејот Охрид Тања Паскал Бунташеска.
Средствата за обновата на џамиите се плод на соработката на ИВЗ и Дијанетот на Република Турција.