Почетна Вера МПЦ-ОА Џафери: Взаемната почит и солидарноста да бидат мотив за сите нас да создаваме убавини и добри дела
Џафери: Взаемната почит и солидарноста да бидат мотив за сите нас да создаваме убавини и добри дела

Џафери: Взаемната почит и солидарноста да бидат мотив за сите нас да создаваме убавини и добри дела

121
0

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на православните верници им го честита големиот христијански празник Христовото раѓање-Божиќ.

– Празниците се посебни денови кои носат во себе посебна магија која создава во сите нас убави и позитивни мисли кои пак зрачат прекрасна енергија на заедничка среќа и радост, сплотена верба и надеж за подобро утре, посветла иднина, за нас, за нашите деца и сите идни поколенија. Нека биде таа енергија силата која што не води мудро низ сите предизвици што ги носи секој нов ден, секој нов миг. Нека радоста и спокојот што се раѓаат со почитувањето на универзалните вредности, односно човекољубието, взаемната почит, солидарноста и сочувството бидат вообичаено секојдневие за сите нас и мотив за создавање на дополнителни убавини и правење на добри дела за радоста од дарувањето на таа позитивна енергија биде удвоена.

Драги граѓани, Ви посакувам среќа, радост и благосостојба во вашите домови, насмевки на лицата на вашите најблиски и секојдневен напредок на лично поле, што ќе резултира со колективен напредок на земјата и сите граѓани.
Уште еднаш, честит празник и убави празнични денови! – се наведува во честитката на Џафери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *