Почетна Вера ЏАФЕРИ: Овој Бајрам да не сплоти во мир и разбирање
ЏАФЕРИ: Овој Бајрам да не сплоти во мир и разбирање

ЏАФЕРИ: Овој Бајрам да не сплоти во мир и разбирање

79
0

Претседателот на Собранието на Република Македонија со честитка до верниците од муслиманска вероисповед.

„Дозволете ми во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Македонија, на Исламската верска заедница и на сите муслимански верници да им пренесам срдечни честитки за празникот Фитер Бајрам.

Се надевам дека во текот на овој свет месец се прифатени постот, молитвите и пожртвуваноста и ова ќе послужи како мост на поврзување за пренесување на човечките и моралните вредности кај младите поколенија. Посакувам овој благословен ден Бајрам да не најде сплотени во хармонија, мир и меѓусебно разбирање и да не прави да го гледаме светот со очите на послабите и посиромашните.

Имајте секогаш среќа и мир во Вашите домови и Вашите срца. Честит Бајрам и за многу години!“ се вели во честитката на Џафери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *