Почетна Вера МПЦ-ОА Џафери го честита Водици
Џафери го честита Водици

Џафери го честита Водици

64
0

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати честитка до верниците по повод празникот Водици.

„Нека убавината на празничниот дух ви ги разубави и облагороди мислите и делата, а пораките на взаемна почит, соживот и солидарност нека течат јасно и брзо како вода на сите страни, продирајќи во сите пори на општественото живеење, влевајќи сила и верба дека заедно можеме да негуваме вистински човечки вредности и сакаме да градиме вистински демократска правна држава во која правата и слободата на граѓаните ќе бидат пред сѐ и над сѐ еднакви за сите, без оглед на етничката, верската или каква било припадност.

Токму во таа разноликост е и сета убавина и богатство на мултиетничките и мултиконфесионалните општества. Да бидеме горди на тоа, да бидеме пример во светот и регионот за тоа“, пишува во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *