Почетна Вера МПЦ-ОА Џафери: Божиќ да биде поттик за остварување на слободата, еднаквоста и праведноста
Џафери: Божиќ да биде поттик за остварување на слободата, еднаквоста и праведноста

Џафери: Божиќ да биде поттик за остварување на слободата, еднаквоста и праведноста

122
0

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, им упати честитки по повод големиот христијански празник Божиќ.

-Најсветиот христијански празник, Христовото раѓање – Божиќ е празник кога се негуваат убави мисли и дела, посебно кон најближните и кон оние на кои таквата љубов и поддршка им е најпотребна. Верувам дека Македонската православна црква како најголема христијанска заедница во Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за љубов, простување, помирување и за сплотување. Затоа, нека овие денови бидат поттик за остварување на вредностите кон кои сите заеднички се стремиме, а тоа се слободата, еднаквоста и праведноста“, се вели во честитката на Џафери.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *