Почетна Политичка теологија Двојно повеќе муслимани во Германија до 2050 година
Двојно повеќе муслимани во Германија до 2050 година

Двојно повеќе муслимани во Германија до 2050 година

134
0

Процентот на муслиманско население во Германија би можело да се удвои до 2050 година, додека во цела Европа може тројно да се зголеми, покажува истражување на институтот Пју (Pew), објавено во Берлин.

Во Германија, ако се земе предвид регуларната миграција без бегалски бранови, до 2050 година уделотт на муслиманското население би можел да изнесува 11 отсто, што е двојно повеќе од денес“, се тврди во студијата на американскиот институт.

И без регуларната миграција уделот од сегашните 5,5 отсто би можел да се зголеми на 9 отсто, според проценката на Пју. Причина за тоа е фактот што граѓаните со муслиманска вероизповед во просек се помлади од остатокот од населението и дека муслиманските жени во просек раѓаат повеќе деца (1,9) од остатокот од женската популација (1,4 деца по жена).

Според студијата, во која се анализирани податоци од земјите членки на Европската Унија, Норвешка и Швајцарија, земја со најголем процент муслиманско население во ЕУ е Франција (8,8 отсто), зад која следат Шведска (8,1 отсто) и Велика Британија (6,3 отсто).

Студијата покажува и дека повеќе Германци пристигнувањето на големиот број бегалци од Сирија и Ирак не го доживуваат како „сериозна закана“, за разлика од анкетираните во Полска, Унгарија, Италија и Грција.

Во Полска, во која отпорот на јавноста кон муслиманските доселеници е многу изразен, живеат 0,1 отсто муслимани.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *