Почетна Вести Двојните игри ја избламираа СПЦ
Двојните игри ја избламираа СПЦ

Двојните игри ја избламираа СПЦ

427
1

spc irinej patrijarhТотален хаос се случува во Српската православна црква. Во еден ден сосема спротивни изјави и ставови излегуваат во јавноста околу нејзината позиционираност пред одржувањето на Сеправославниот собор на Крит.

Поларизираноста на проруското и прогрчкто крило, доведе до ситуација да СПЦ го зазеден најконтрадикторниот став со цел веројатно да избегне внатрешни поделби.

Последниот став на СПЦ, соопштен лично од Патријархот Иринеј е дека СПЦ ќе оди на Крит, но сепак ако Соборот не биде одложен, нејзината делегација ќе го напушти Соборот и ќе се приклучи на црквите кои јљ бојкотираат работата на Соборот.

Оваа позиција, ни ваму ни таму, е само доказ за поделеноста на СПЦ внатре и притисоците од надвор.

СПЦ утрово одржа мини вонреден архиерејски собор, од кој произлезе вест дека Иринеј Буловиќ сакал да направи пуч во СПЦ по барање на Руската црква, со тоа што пратил писмо до православните цркви дека СПЦ нема да учествува на Соборот, нешто што наводно не било одлука на СПЦ.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(1)

  1. Ова е доказ дека СПЦ работи под директива на ГПЦ, и дека признавањето на автокефалноста на МПЦ не зависи од СПЦ и нема никаква врска со каноните, туку е чиста политика на ГПЦ. Србија отсекогаш седи на два стола и на црковен план и на политички, сакаат со Русите но и со ЕУ, и на крај ке останат без двете.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *