Почетна Коментар Двојна српска црковна игра
Двојна српска црковна игра

Двојна српска црковна игра

360
0

Kаква е тоа принципиелност, но и решеност кога првин се бара одложување на сеправославниот собор, потоа се учествува во подготовките и се најавува учеството на патријархот, а потоа, по само еден час, се дава соопштение дека ќе се учествува, ама соборот ќе се напушти доколку не се расправа за барањата на оние цркви што бојкотираат!?

Тоа е „принципиелноста“ на Српската православна црква со која таа сега ќе дојде на Kрит, а која најдобро кажува какви се внатрешни поделби таа доживува во актуелниот судир меѓу источната, Руската православна црква, и прозападната, Вселенската патријаршија.

Шизофрената ситуација и скандалозното менување ставови само се потврда на состојбата во која се довеле самите српски владици и која, како и секогаш, јасно покажува колку е тешко да се води политиката на седење на две столчиња, што впрочем на своја кожа најдобро го чувствува српскиот премиер Александар Вучиќ.

Треба ли само да се потсетува на големите зборови за вековното братство по словенска крв кои се искажуваат кога во Белград доаѓаат руски црковни достоинственици и за пријателството со прозападниот блок на грчките цркви предводен од Вселенската патријаршија. Таквите ситуации може да се одржуваат се до моментите кога треба да се направи конкретен избор. А тој се виде сега – да се поддржи ставот на блокот предводен од Руската црква, кој бара одложување на соборот или да се поддржи Вселенската патријаршија, која сака да го одржи соборот за да и докаже на црковна Москва дека нема решавачка улога во православието.

Во таква ситуација, кога и во самите внатрешни редови има поделби по линија на лични определби и симпатии на српските владици, тогаш се случуваат и експресните менувања на ставовите, кои само покажуваат колку ова црква е подложна на надворешни влијанија.

Затоа, утре, кога на ред ќе дојдат преговорите меѓу македонската и српската православна црква, во кои треба да посредува руската, добро е да се знае какви се влијанија се можни.

BrankoНа свој начин сега веројатно и црковна Москва видела колку тежат сите оние заколнувања за братство и пријателство по крв со кои се дочекува рускиот патријарх во Белград. Односно, се виде дека во ситуации кога претежнуваа некои други интереси, лесно се забораваат и братството и истата крв. Причините за премислувањето сигурно ќе останат тајна меѓу Белград и Москва, но доволно е да се види и тоа како функционираат православната христијанска љубов и соборноста.

Бранко Ѓорѓевски (ДНЕВНИК)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *