Почетна Вести Европа Две третини од монасите во Киево-печерската лавра се заразени со коронавирус
Две третини од монасите во Киево-печерската лавра се заразени со коронавирус

Две третини од монасите во Киево-печерската лавра се заразени со коронавирус

975
0

Триесет (според податоците од 8 април) од четириесет и четирите монаси на Киево-печерската лавра се заразени со новиот коронавирус, како што соопштија украинските медиуми. Ова го претвора централниот киевски манастир во едно од најголемите жаришта на болеста во украинската престолнина.

Два дена претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека четворица монаси се покажале позитивни на тестовите. Тројца од нив беа примени во болница уште на почетокот на месецот, што беше причина за масовно испитување на жителите на комплексот и за ставање на целиот манастир под строг карантин. Тогаш претставникот на Украинската православна црква (Московска патријаршија), митрополит Климент ја коментира со избегнување информацијата, откако изјави дека „ништо не му е познато за болни од коронавирус“ во лаврата.

Игуменот на обителта, митрополит Павел, за кој се тврди дека е еден од првите заболени, направи видео обраќање, во кое објасни зошто се налага лаврата да биде затворена, а богослужбите да се одвиваат зад затворени врати. Тој изјави дека тоа се прави за „успокојување на верниците“: „Го направивме тоа за да не се плашите од нас, монасите“. По однос на здравствената состојба на браќата, неговата изјава беше противречна. Митрополитот изјави дека се наоѓа под лекарски надзор, а сите браќа имаат белодробни проблеми и симптоми на вирусна инфекција. „Ние не сме ангели. Ние исто така имаме право да боледуваме“, рече тој.

Киево-печерската лавра е огромен манастирски комплекс, распространет на триесет хектари. Еден дел од него има статус на музеј и е државна сопственост, а другата е црковна. Во црковниот комплекс се наоѓаат клучните згради на УПЦ-МП: Киевската духовна академија и семинаријата, резиденцијата на митрополитот во Киев Онуфриј и др. Поклониците најмногу ги посетуваат древните подземни манастири, т.н. Блиски и Далечни пештери, каде што се моштите на над сто подвижници.

До почетокот на април раководството на лаврата одбиваше да ги пази ограничувањата на здравствените власти и богослуженијата продолжија да се одвиваат во присуство на многу верници. Игуменот ги повикуваше верниците уште поусрдно да се собираат во манастирските храмови, „зашто причина за коронавирусот е човечкиот грев“.

На 9 април беше потврдено дека од коронавирусот е заразен и архиепископот Јона, игумен на Јонинскиот манастир во Киев, кој е познат како „младинскиот манастир“, поради тоа што таму одат претежно млади, многудетни семејства. Архиепископот Јона ја потврди оваа информација на својот фејсбук профил. Не се знае дали уште монаси од истиот манастир се заразени.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *