Почетна Анализа Двајца владици на СПЦ претенденти за Патријарх крстени во МПЦ
Двајца владици на СПЦ претенденти за Патријарх крстени во МПЦ

Двајца владици на СПЦ претенденти за Патријарх крстени во МПЦ

1.05K
0

Српската православна црква на 18 февруари ќе избере тројца потенцијални кандидати за Патријарх, од кои на тронот на СПЦ ќе седне оној кој ќе биде извлечен со апостолска ждрепка. Тоа е начинот на кој СПЦ веќе 80 години го избира својот Патријарх, како чин кој треба да оневозможи влијание на световната власт врз изборот на прв човек на црквата.

До потесниот круг од тројца владици се доаѓа преку тајно гласање на Соборот на СПЦ, на кој учествуваат сите архиереи на СПЦ. Од нив дури 34 ги исполнуваат базичните услови да бидат избрани за Патријарх, но само тројца би влегле во потесниот круг.

Српските медиуми деновива шпекулираат со неколку имиња, меѓу нив тројца владици на СПЦ се речиси најмногу спонувани. Првиот е Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ, вториот е епископот од Западна Европа, Григориј и третиот е администраторот на Црногорско-приморската митрополија Јоаникије.

Од сите овие владици најинтересен за анализа е токму владиката Јоаникије, кој по смртта на црногорско-приморскиот митрполит Амфилохије стана и администратор на оваа епархија.

Во основа станува збор за човек кој важи дека држи до своите принципи, дел од генерацијата владици кои во СПЦ влегуваат на почетокот од деведесетите години на минатиот век и за човек кој не е под влијание на актуелните политички структури во Србија.

Јоаникије, освен што е епископ на СПЦ, го врзува еден интересен момент со МПЦ, а кој многумина не го знаат.

Овој владика на СПЦ пректично е дел од МПЦ, затоа што светата тајна крштение ја добил во МПЦ и тоа на 23 години. Како припадник на христијанската црква станува во 1982 година, во период кога СПЦ ја има прекинато комуникацијата со МПЦ и по нејзино барање ги има прогласено за расколници владиците на МПЦ. Но, токму во тој период денешниот владика на СПЦ, кој важи за еден од претендентите за тронот на СПЦ го прима светото крештение и тоа од рацете на владиката г. Петар во манастирот Трескавец, крај Прилеп.

Како всушност се случува, г. Јонаикје да стаен духовно чедо на МПЦ, која и тогаш и денеска е во администратвен конфликт со СПЦ?

Податоците со кои располага Религија.мк велат дека таа 1982 година во Македонија бил организиран голем симпозиум на младината од Југославија на кој учествувале и преставници на МПЦ. Сегашниот владика Јоаникије учествува на тој симпозиум, или семинар како студент од белградскиот филозофски факултет, според некои податоци и како студенит на Богословскиот факултет во Белград, но за ова нема точен податок.

На тој семинар, меѓудругите како предавачи се Митрополитот г. Петар и професорот отец Стефан Санџакоски. Јоаникје и уште неколкумина учесници пројавуваат огромен интерс и воодушевување од настанот и одлучуваат да бидат крстени и да станат официјално Христијани. Ја знаат стостојбата на релација СПЦ-МПЦ, но и покрај се, Јоаникје и уште двајца, или тројца, студенти сакаат токму г. Петар да ги крсти. Кум на тој чин е отец Стефан Санџакоски, а денешниот претендент за тронот на СПЦ, својата најважна света тајна Крштение ја добива во МПЦ, од раката на владиката г. Петар.

Г. Јоаникеј, осум години подоцна ќе биде замонашен во СПЦ, секако со важечк крштение од МПЦ. За викарен епископа Будимнски е избран во 1999 година.

Во офцијалната биографија на Јоаникје не може да се најде податокот за неговото крштение, иако за веродостојноста на овој пдоаток, за религија.мк сведочат учесници на семинарот од 1982 година.

Во Српската православна црква има уште еден владика кој ги исполнува условите за да биде избреан за Патријарх и тој исто така е крстен во МПЦ, но и ракоположен за епископ. Тоа е екс владиката Јован Вранишковски, кој сега е Архиепископ на ПОА, дел од СПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *