Почетна Вести Европа Двајца грчки владици почнаа да го спомнуваат името на украинскиот митрополит Епифаниј
Двајца грчки владици почнаа да го спомнуваат името на украинскиот митрополит Епифаниј

Двајца грчки владици почнаа да го спомнуваат името на украинскиот митрополит Епифаниј

182
0

Двајца грчки митрополити за време на богослужбите почнале да го спомнуваат новиот Киевски поглавар на Украинската автокефална црква, Митрополитот Епифаниј.

Митрополитот на Додони, Хризостом го спомнал Епифаниј како последен од листата на поглавари на православните цркви и тоа за време на богослужба на 17 декември, два дена по изборот на новиот Киевски митрополит.

На 27 декември пак, Митрополитот на Флорина Теоктит исто така го спомнал на последното место од дипотихот на Поглавари на помесните автокефални цркви името на Епифаниј.

Иако овие двајца владици се членови на Грчката Православна Црква, тие се и под духовна јуриздикција на Вселенската патријаршија, исто како и останатите владици на северно-грчките епархии, присоединети кон ГПЦ по Првата Светска Војна.

Официјалната пак позиција на ГПЦ за украинската автокефалност ќе биде позната по издавањето на Томосот најавен за 6 јануари.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *