Почетна Вести Регион Двајца грчки свештеници, кои вршеле богослужба и покрај забраната, се изведени пред суд
Двајца грчки свештеници, кои вршеле богослужба и покрај забраната, се изведени пред суд

Двајца грчки свештеници, кои вршеле богослужба и покрај забраната, се изведени пред суд

229
0

Како и во повеќето држави, забраната за црковни обреди во време на пандемијата на коронавирус беше воведена и од Грција.

И во Грција, одредени свештеници ја прекршија забраната, по што локалните власти веднаш покренаа постапка против нив.

Грчката влада веднаш побара од обвинителството да покрене постапка против двајцата свештеници кои одржувале богослужба и покрај забраната. Едниот е свештеник од Атина , а другиот од островот Крф.

Грчка Катимерини известува дека свештеник од Атина бил снимен од соседната зграда во тајност како комуницира со луѓе.

“Она што се случи денес во црквите во Атина и Крф е кршење на законот со кој се става во опасност животот на граѓаните и јавното здравје. Се јавив кај министерот за правда и побарав одредени лица да бидат изведени пред суд”, потврди Никос Хардалиас, заменик министер за цивилна заштита во Грција, пренесува Екатимерини.

Грчката влада ги забрани сите големи собири, вклучително и црковните обреди, во борбата против коронавирусот. Црквите се отворени само за индивидуални молитви, а високи претставници на Грчката православна црква ги повикаа луѓето да останат во своите домови.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *