Почетна Вести Два прста на отец Кирил Аврамчев нераспаднати по 35 години носат знак на светоста
Два прста на отец Кирил Аврамчев нераспаднати по 35 години носат знак на светоста

Два прста на отец Кирил Аврамчев нераспаднати по 35 години носат знак на светоста

822
0

Отецот Ѓорѓи Трајков од главната струмичката катедрала „Успение на пресвета Богородица“ во која на молитви доаѓаат верници на Католичката црква со православен обред во својот дом веројатно чува најнеобична реликвија врзана за поранешен свештеник Кирил Аврамчев, пишува дневниот весник „Дневник“.

Во помала дрвена кутија на чиј капак е изгравирано името на Аврамчев заедно со датумите и местата на неговото раѓање и умирање отец Ѓорѓи веќе 28 години чува два прста од свештеникот Аврамчев кој во педесетитие години од минатиот век пострадал заради љубовта кон Македонија.

relikvija-1Желбата Македонија да ја види обединета, наспроти нејзиното останување во дел од тогашната југословенска федерација со која управуваше Комунистичката партија по крајот на Втората светска војна била причина за да биде казнуван и затворан од тогашната тајна полиција УДБА, кои маки набрзо предизвикале и да почине. Меѓутоа, при есхумирањето на неговото тело во 1988 година заради преместувањето на гробиштата во Гевгелија на кои бил погребан во 1953 година отец Ѓорѓи забележал дека два прста од неговата десна рака – палецот и показалецот – се нераспаднати, дури 35 години по неговата смрт.

Струмичкиот свештеник се решил да ги земе овие два прста сфаќајќи го тоа како знак на светоста на отецот Кирил Аврамчев и да ги зачува во својот дом во непосредна близина на струмичката катедрала.

-Кога се вршеше есхумацијата сите се изненадивме што ги најдовме двата прста нераспаднати. Сите останати делови од телото беа распаднати, имаше само коски, но палецот и показалецот беа целосно сочувани. Во нашата теологија нераспаднувањето на телото се сфаќа како знак на светоста на таа личност и јас сум убеден дека со својот живот и делото отецот Кирил заслужил да биде прогласен за свет. Ги земав прстите и оттогаш до сега ги чувам во мојот дом како нешто свето. Пред нив се и молам кога е имам потреба и многупати молитвите ми се услишени, изјавил отец Ѓорѓи за „Дневник“

Тој објаснува дека има и голема симболика во тоа што нераспаднати останале токму десниот палец и показалец на свештеникот кој пострадал од раката на УДБА заради својата љубов кон верата и кон обединета Македонија.

-Тие два прста се оние со кои ние свештеници ги вршиме најважните работи во нашите обреди, со кои ги благословуваме луѓето и слично. И од оваа причина верувам дека ова е знак на светоста која нашиот брат Кирил сигурно ја заслужува, вели овој свештеник.

Сепак, постапката за неговото прогласување за маченик за верата во рамките на Католичката црква се уште не е почната бидејќи за тоа е потребно да се соберат многубројни докази и сведоштва.

Од она што досега е познато, се знае дека отецот Кирил бил роден во 1913 година во гевгелиското село Стојаково и дека како дете мошне рано останал без родителите. Успеал да заврши теолошки студии во хрватските градови Шибеник и Загреб, по што бил испратен да работи како парохиски службеник во Струмица и во Богданци каде и го дочекал крајот на вијната во 1945 година. Забележано е како во таа година успеал да го спаси Богданци од одмаздата на германската војска чии тенкови биле онеспособени од поставените мини во близина на селото. Набрзо, кога дошла новата власт, покажал дека е незадоволен од тогашната положба на црквата и републиката во рамките на новата југословенска федерација.

-Тој смета дека се изиграни националните интереси и дека не е постигната целта кон која стремел македонскиот народ. Тој набргу со група свои истомисленици започнал да ја критикува власта, да агитира против неа и да зборува за самостојна и независна Македонија во етнички и географски граници. Јавно ги исмејувал комунистите нарекувајќи ги „сомунисти“ велејќи дека јадат сомуни на сметка на народот, вели Биљана Петковска, автор на книгата „Свештеници маченици“ во која еден дел е посветен и на отец Кирил.

Набрзо следела и одмаздата. Во 1946 година е уапсен од УДБА и изведен пред „Народен суд“ при што му била изречена смртна казна со стрелање заради „организирање на фашистичка организација ВМРО во Гевгелија и околина и за говорење за самостојна и независна Македонија“. Бил испратен во затворот Идризово каде доживеал големи маки а по шест години поминати таму е помилуван и ослободен најмногу заради тоа што се разболел од тубекулоза. По излегувањето на слобода бил сместен кај сестрите Евхаристинки во Гевгелија каде и починал во 1953 година.

СЕ МОЛЕЛ ЗА ОНИЕ ШТО ГО ТЕПАЛЕ

Отец Ѓорѓи Трајков наведува дека Кирил Аврамчев се молел дури и за оние кои што го тепале.

-Имаше една ситуација во која првоборецот Мито Теменугов, наречен железен, го удирал со кундакот од пушката по главата која и му ја раскрварел. Но, Кирил не даваше отпор. Клекнал и почнал да се моли на Бога и за неговиот неприајтел, се во духот на христијанството, вели Трајков.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *