Почетна Вера Два големи јубилеја одбележува Митрополитот Тимотеј викендов во Охрид
Два големи јубилеја одбележува Митрополитот Тимотеј викендов во Охрид

Два големи јубилеја одбележува Митрополитот Тимотеј викендов во Охрид

461
1

Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј викендов во Охрид ќе одбележи два значајни јубилеја 65 години од раѓањето и 35 години архиерејска посветеност на Македонската православна црква.

7Дебарско-кичевската епархија ги кани сите православни верници вечерта на 5 ноември (сабота), во катедралната црква „Света Софија“ – Охрид, каде со почеток во 16:00 часот ќе се служи воскресна Вечерна богослужба и следниот ден на 6 ноемви (недела), кога е и централниот настан за прославата на 65 години од раѓањето и 35 години архиерејско служење во МПЦ-ОА на Митрополитот Тимотеј.

Дочекот на Архиереите е пред катедралната црква „Света Софија“ – Охрид во  8.45 часот, а од  09:00 часот почеток на Света архиерејска Златоустова литургија на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, со останатите архиереите на МПЦ-ОА.

По завршувањето на литургијата следи промоција на петте тома „Охридски Источник“ од Митрополит Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во катедралната црква Св.Софија – Охрид.

Коментар(1)

  1. Честитки Високо Преосветен Владико! Ве чекаме што поскоро да ни дојдете во Австралија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *