Пасторот Марк Бeрнс, кој во американските медиуми често се посочува како духовен советник на претседателотна САД, Доналд Трамп, остро го критикувал нацрт-планот од 28 точки што кружи во јавноста како можен американски предлог за прекин на војната во Украина. Во објава на „X“ од 23 ноември, Бернс предупредил дека таквиот документ може да го награди агресорот и да ги охрабри авторитарните режими.
Иако го поздравил ставот на Трамп дека предложениот текст „не е конечна понуда“, пасторот предупредил дека планот испраќа „опасен сигнал“ дека меѓународната заедница би можела да толерира насилство доколку се претстави како дипломатски компромис. Бернс направил историска паралела со 1939 година, наведувајќи дека „кога светот му дозволи на Хитлер да ја нападне Полска без последици“, тоа довело до катастрофа. Тој оценилдека „допуштање дури и еден сантиметар на злото“, неизбежно води кон нова бруталност, посочувајќи на руските напади, бомбардирања и убиства на цивили во Украина. Според него, секој договор што ја жртвува правдата за политичка удобност е „помирување со агресијата, а не мир“. Вистинскиот мир, нагласил тој, бара соочување со агресорот, а не прифаќање на неговите услови.
Бернс ја оценил моменталната ситуација како „смирување, а не мир“, односно „тест на моралноста“, додавајќи дека светот е во очекување дали лидерите „ќе застанат за праведност или ќе се повлечат во сенките на удобноста и компромисот“. „Ова не е само војна — ова е морален колапс ако дозволиме да помине незабележано“, истакналпасторот.
Пастор Марк Бернс неодамна ја сменил својата позиција во однос на американската воена помош за Украина. По посетата на земјата, во интервју за The Kyiv Independent изјавил дека лично видените последици од руската инвазија го натерале да ја преиспита својата претходна критика и сега смета дека поддршката за Киев е неопходна и во интерес на САД.
