Почетна Вера Државниот врв, политичари и дипломати на баклава кај поглаварот на ИВЗ
21
20
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Државниот врв, политичари и дипломати на баклава кај поглаварот на ИВЗ

114
0

Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Емил Димитриев, Американскиот Амбасадор Џес Бејли,  лидерот на СДСМ, Зоран Заев, политичари, дипломати, претставници на Комисијата за односи со верските заедници, дојдоа на приемот кај Поглаварот на ИВЗ за верскиот празник Курбан Бајрам.

Честитајќи го празникот, претседателот Иванов изрази очекување дека припадниците на исламската верска заедница, како нераскинлив дел од македонското општество, и понатаму ќе бидат активни чинители во градењето на соживот во Република Македонија.

– Mакедонскиот претседател со своето традиционално присуството на прославите на муслиманските празници и средбите со претставниците на ИВЗ, испраќа пораки дека меѓуверското и меѓурелигиското почитување е наша заедничка цел која единствено може да донесе просперитетна иднина и благосостојба за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Кабинетот на Претседателот.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *