Државниот врв под маски на именден кај Архиепископот Стефан
Државниот врв, Претседателот Стево Пендаровски, Претседатепт на Собранието, Талат Џафери и Премиерот Зоран Заев, беа гости на традиоционалниот Божикен прием, за именденот на Архиепископот г.г. Стефан.
Под посебни протоколи за заштита од Ковид 19 и годинава се одржа овој прием.
Во мое лично име и во името на Владата на Северна Македонија, на Архиепискотот, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во нашата земја, го честитам големиот христијански празник Рождество Христово – Божик. Во духот на празникот на радоста и надежта, кој годинава го чествуваме во посебни услови поради пандемијата на КОВИД-19, овие денови да покажеме одговорност кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за физичко растојание и за носење заштитна опрема. Да се заштитиме себеси и здравјето на нашите ближни. Нека е честит и благословен големиот христијански празник – Божик! „Христос се роди! Навистина се роди!“, вели Премиерот Заев.
-Приемот се одвиваше под строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19 и затоа беше без присуство на медиуми. На приемот, Џафери, како и другите поканети, заедно со упатените честитки за лично здравје на г. г. Стефан и уште долго вршење на светата мисија на поглавар на православната заедница во државава, заедно посакаа во Новата 2021 година, да има подобро здравје за сите граѓани, личен и колективен напредок, мир, благосостојба и успешно надминување на пречките кои се испречуваат на евроинтеграцискиот пат на Република Северна Македонија, стои во соопштението од Кавинетот на Спикерот Џафери.