Почетна Вера Државниот врв на католички Велигден
12910499_10208290284922216_281787325_n

Државниот врв на католички Велигден

272
0

Претседателот, Ѓорге Иванов, Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, Премиерот Емил Димитриев и директорката на  Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, како претставници на државата, вечерва присуствуваа на полноќната Воскресна литургија во Католичката црква „Пресвето срце исусиво“ во Скопје.

Литургијата ја предводеше, скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов. Меѓу гостите беа и претставници на верските заедници во Македонија

-Ова е ноќ кога можеме да пееме о блажен ли е гревот кој таков и толкав го заслужува Откупителот. Темелен настан вечерва е откажување од гревот и прифаќањето на милоста на крштевањето и сега со обновата на крстните завети, навистина станавме нов човек. Еден таков зафат на Божјата милост во нашиот живот никако не е обред или церемонија, туку настан. Затоа ве повикувам навистина да нурнеме во себе, во својата совест и јасно да го поставиме прашањето: каков е нашиот став кон нашата грешност и дали имаме желба и отвореност да се откажеме од гревот и да прифатиме милост на новото раѓање што ни ја носи верата во Христос Воскреснатиот, рече бискупот Стојанов во вечерашната проповед.

Католичките верници утре го слават Велигден.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *