Почетна Вести Христијанство ДПИ: Училиштата не учествувале во верски активности за Бадниковите поворки
ДПИ: Училиштата не учествувале во верски активности за Бадниковите поворки

ДПИ: Училиштата не учествувале во верски активности за Бадниковите поворки

139
0

Вонредниот надзор на просветниот инспекторат покажал дека училиштатa немаат одговорност, бидејќи на ниту еден начин не учествувале во организирањето на манифестацијата Бaдникови поворки, објави телевизија Телма.

-Ги разгледав записниците од сите градови и дојдов до заклучок дека училиштата не реализирале вреко делување“, вели директорот на инспекторатот Томе Спировски.

-Логично се поставува прашањето како децата се нашле на улица, како дел од манифестацијата. Заклучивме дека се организирале преку социјалните мрежи, и на повик на невладини организации. Пристигнале заедно со родителите, а ние не можема да забраниме настани кои се одвиваат на улица, надвор од училиштето“, вели Спировски.

Според Спировски до сега не пристигнала ниту една претставка од страна на некој родител, па затоа не може да се зборува за злоупотреба на децата. Во однос на случаите на присуство на наставници на манифестацијата, Спировски вели дека кога наставникот е на улица тој е само граѓанин, со право на верски чувства.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *