Почетна Вера Достојна почит кон Митрополитот Тимотеј
Достојна почит кон Митрополитот Тимотеј

Достојна почит кон Митрополитот Тимотеј

1.15K
2

Голем број верници, како и пријатели и поддржувачи на делото на Митрополитот г. Тимотеј, дојдоа на Светата архиерејска литургија за неговиот јубилеј 35 години Архиереј на МПЦ и 65 години од неговото раѓање.

Прославата на овој голем Јубилеј почна ден претходно со свечена воскресна Вечерна богослужба, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

-Денешниот ден беше уште една потврда за доброто служење на Митрополитот Тимотеј, и за неговото постојано неуморно поучување на своето стадо, велат од Дебарско-кичевстака епархија.

На овој Јубилеј, беа промовирани и петте тома од книгата „Охридски источник“, кои претставуваат собрани беседи од Митрополитот Тимотеј. Промотори беа Митрополитот Кумановско-осоговски д-р Јосиф и професор д-р Ратомир Грозданоски, протоѓакон.

-Низ беседите провејува Евангелскиот дух, кој ги води верните на правиот пат на спасението. Искажани на разбирлив јазик, беседите на Митрополитот Тимотеј претставуваат духовна храна, од која мнозина се нахраниле. Неговиот труд треба да биде пример за сите во Црквата, велат промоторите.

Карактеристично за вакви јубилеи е и предавање на подароци за Митрополитот Тимотеј. Митра, панагија, икони, книги се само дел од подароците од своите браќа архиереи, од своите свештеници и монаси во Дебарско-кичевската епархија, од Комисијата за односи со верските заедници.

Инаку на денешната прослава не присуствувал Архиепископот г.г Стефан, од причини што е бил на пат надвор од Македонија.

ГАЛЕРИЈА:

Коментар(2)

  1. Vladikata Petar mu gi podaruva na dedo Timotej knigata so svetite kanoni, sakajci da mu napomeni deka toj e sledniot sto ce go rascini. Bidejci vladikata Petar znae samo sotoa da se pofali i da go namesti koj sto toj ce namisli da go nema od MPC-OA.

  2. Samo se falat pomedju sebesi, peat samospevi, a vo crkvata se skandal do skandal. No sepak ne zgresil toj sto rekol –magare magare cesa.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *