Почетна Вести Доналд Трамп: Папата треба да се засрами
Доналд Трамп: Папата треба да се засрами

Доналд Трамп: Папата треба да се засрами

531
0

Американскиот милијардер и политичар Доналд Трамп ги отфрли обвинувањта што на негова сметка ги упати од Мексико, папата Франциско, јави Би-Би-Си.

Поглаварот на католичката црква изјави дека некој кој мисли само да гради ѕидови, а не мостови, не е христијанин.

Ваквата реакција на папата уследи по најавите на Трамп за градење ѕид по должината на границата меѓу САД и Мексико, како и по изрзената подготвеност да депортира 11 милиони мигранти (во најголем број латиноамериканци) кои немаат никакви документи.

На политички собир во сојузната држава Јужна Каролина, каде ќе биде следното прелиминарно гласање, Трамп рече дека изјавата на папата е „срамна“ и се декларира себе си како „горд христијанин“.

– Срамно е кога верски лидер ја доведува во прашање религиозноста на еден човек, рече Трамп, кој и натаму води во трката за претседателските избори во САД меѓу кандидатите на Републиканската партија.

За ваквото позицирање на папата Франциско и за неговите обвинувања кон американскиот републикански политичар, Трамп ја обвини владата во Мексико, за која тврди дека го уверувала поглаварот на католичката црквадека „тој не е добар човек“.

Обвинувањата на папата кон еден од републиканските претенденти за претседател на САД, предизвикаа реакција во американската политичка јавност.

Двајцата противкандидати на Трамп, сенаторот Марко Рубио и поранешниот гуверенер на Флорида Џеб Буш, иако и обајцата католици, не го подржаа папата.

Обајцата сметаат дека од папата се очекуваат духовни, а не политички пораки, додека Рубио кој е дете на кубански мигранти, порача оти секоја земја има право да ја штити својата граница.

Американските коментатори кои често му замераат за „несоодветните реакции„ овојпат сметаат дека Доналд Трамп морал да реагира на критиката.

Острата осуда е изречена од папата и таа доаѓа пред прајмери гласањето во Јужна Каролина, сојузна држава каде луѓето важат за мошне религиозни, што и го натера Трамп да му одговори на католичкиот поглавар, во обид да се оправда пред гласачите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *