Почетна Вести Доналд Трамп на Твитер: Христијаните масовно ги убиваат на Блискиот исток – не смее повеќе!
Доналд Трамп на Твитер: Христијаните масовно ги убиваат на Блискиот исток – не смее повеќе!

Доналд Трамп на Твитер: Христијаните масовно ги убиваат на Блискиот исток – не смее повеќе!

178
0

Во екот на контроверзниот указ на Доналд Трамп со кој што им се забранува влез на муслиманите од седум муслимански држави во САД, новиот американски претседател се огласи на Твитер со „интересен“ твит.

Новиот американски претседател Доналд Трамп на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Христијаните на Блискиот исток беа убивани во големи бројки. Не смееме да дозволиме тој хорор да продолжи“.

Доналд Трамп пред неколку дена потпиша извршна наредба за имиграција која што на државјаните на седум земји – Иран, Ирак, Сирија, Јемен, Судан, Сомалија и Либија им се забранува влез во САД во следните три месеци, додека пак на државјаните на Сирија им е забранет влез во САД на неодредено време.

Трамп со ваквиот потег порача дека сака да спречи „радикалните исламски терористи“ да влезат во Соединетите Американски Држави.

Трамп ваквиот потег го најавуваше во својата претседателска кампања, а непосредно после неговата инаугурација, тој го стори ветеното. Новиот американски претседател предупредуваше дека со тоа што им се дозволува влез на имигрантите, државите дозволуват тероризмот да им пристигне дома.

Тој во неколку наврати повторуваше дека треба да им се забрани на муслиманите влез во САД, а тоа посебно го нагласуваше после терористичките напади во Париз, Брисел, Ница, Орландо и Берлин кои што беа извршени од страна на радикални исламисти со потекло од споменатите „спорни“ земји.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *