Почетна Вести Донација за две народни кујни
Донација за две народни кујни

Донација за две народни кујни

174
0

донацијаНародната кујна во црквата „Св. Апостол Петар и Павле“ и хуманитарно здружение „Хилал“ денеска добија по 100.000 денари, донирани на хуманитарниот „Светски пикник“ што го организираше изминатиот викенд Советот за странски инвеститори при Стопанска комора Македонија.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Петер Штефан истакна дека е најважно што собраните пари ќе ги добијат граѓаните на кои храната им е најпотребна во двете народни кујни кои функционираат во Скопје.

– Се надеваме дека овие средства за нив ќе бидат добредојдени и во иднина ќе креираме слични поводи за вакoв тип настани, изјави  Штефан.

Отец Костадин Малинов од народната кујна во црквата Св. Апостол Петар и Павле, заблагодарувајќи се за донацијата, рече дека средствата ќе ги искористат за сите неопходни прехрамбени производи со кои ги згрижуваме секојдневно нивните штитеници.

Мустафа Даути, претседател на хуманитарната организација „Хилал“ истакна дека секоја помош за е добредојдена и изрази надеж дека настанот ќе послужи како пример и за останатите компании и организации во општеството“.

Со хуманитарниот пикник во Градскиот парк во Скопје, Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија го одбележа 10 годишниот јубилеј.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *