Почетна Анализа Домашните слави во услови на пандемија, како да се зачува традицијата, а да се остане заштитен – совети на владиката Пимен

Домашните слави во услови на пандемија, како да се зачува традицијата, а да се остане заштитен – совети на владиката Пимен

740
0

Успение на пресвета Богородица. Најсветиот летен христијански празник. Според вековната традиција се слави христовата мајка, со молитиви за здравје и благодет.

Според христијанскиот календар, Голема Богородица е празник со кој почнува периодот на домашните слави. До крајот на годината верниците ќе ги воздигнуваат своите светители, а традицијата налага тоа да се случува преку групни собирања.

Како до безбедно одбележување на светите заштитници во време на пандемија? Според отец Пимен, здравјето е на прво место. Традицијата треба да биде задржана, но со прилагодување на новата ситуација.

“Ние не веруваме во Господ кој е тиранин или ситничар и кој би се налутил за избегнувањето на класичното прославување на овие слави, ниту било кој од светителите би се налутиле доколку го направиме тоа само во семејни услови”

Наместо групни собири на кои се губи суштината на славата, отец Пимен вели дека треба повеќе да се обрне внимание на нашиот однос со самиот светец. Повеќе продуховеност и возвишеност, вели митрополитот.

“Побитно е во секој случај е да одиме во црква да го подигнеме колачот, да се помолиме за време на литургијата заедно со свештениците о оттаму да се вратиме дома да ја направиме славата во домашни услови, кога веќе имаме препораки да нема масовни собирања”

Коментарот дека стравот влегол во светите храмови, отец Пимен го оценува како неоснован. Новонастанатата ситуација бара трезвено и реално согледување.

“Ако во нашето семејство имаме еден постар човек и ако му се случи да се зарази и почине, тогаш каква ќе биде нашата грижа на совест и ќе имаме ли покајание утре на луѓето да им кажуваме дека сепак ова не било играчка, туку сериозна работа која треба да се почитува”

Отец Пимен се надева дека токму овој страв за најблиските, но и послабите ќе ги натера верниците оваа година да ги организираат славите во најблискиот круг. Повеќе суштина, а не само форма е апелот од црквата, во време кога по здравјето ни се заканува новиот вирус.

/СИТЕЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *