Почетна Вести Договор за забрана на бурките и никабот во Германија
Договор за забрана на бурките и никабот во Германија

Договор за забрана на бурките и никабот во Германија

158
0

Партиите од владејачката демохристијанско-социјалдемократска коалиција во Германија ги приближиле своите ставови во поглед на забраната за носењето на бурки и никаб, муслимански делови од женската гардероба кои го прекриваат лицето и телото, во јавните установи, пишува порталот Spiegel Onlinе во саботата.

bukra„Социјалдемократите покажуваат отвореност кон предлогот на демохристијанскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер за забраната на никабот и бурката во јавните установи, како државни канцеларии, судови, универзитети и училишта“, пишува Spiegel Onlin повикувајќи се на интерните протоколи од состанокот на коалицијата.

Социјалдемократската партија на Германија (SPD), досега се противеше против забраната за облеките кои го прекриваат лицето и целото тело на жената, тврдејќи дека таа забрана би била претерана.

Истовремено социјалдемократите кои, задно со унијата на Христијанско-демократската унија и Христијанско-социјалната унија (CDU/CSU), како помал партнер ја сочинуваат владата водена од канцеларката Ангела Меркел, ги отфрлаат мерки како што се одземањето на германското државјанство на лицата коишто учествувале во војните во странство на страна на исламистите.

Мерките кои Унијата CDU/CSU ги предложи во рамите на ткн Берлинска декларација се донесени по терористичките напади во Германија во јули годинава, освен забраната за носење бурка предлагаат и зголемување на бројот на полицајците, како и можност од интервенција на вооружените сили и во случај на внатрешна опасност.

Демохристијанската унија истовремено се откажала од целосната забран за бурката и никабот во Германија, и се ограничила само на забрана за државните институции.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *