Почетна Вести Доби ли Вартоломеј контра „Вселенска патријаршија“?
Доби ли Вартоломеј контра „Вселенска патријаршија“?

Доби ли Вартоломеј контра „Вселенска патријаршија“?

893
2

„Сеправославен секретаријат“ е новото тело кое ќе го формира Православната црква. Така одлучиле поглаварите на состанокот во Шамбези во Женева.

Иако во официјалното соопштение испратено од Вселенската патријаршија нема детали која ќе биде улогата на ова тело, сепак тоа се поврзува со организацијата на Соборот, што треба да се одржи во јуни 2016 година.

Црковните аналитичари, пак велат дека во ситуација кога Вселенската, или Царигратската патријаршија е онаа која ја има улогата на прва меѓу еднаквите автокефални цркви и која практично е иницијатор и организатор на Соборот, создавањето на вакво тело може да се толкува како создавање паралелна институција контра Вселенскиот патријарх.

Иако нема детали како е дојдено до неговото создавање, сепак верските аналитичари причината ја гледаат кај влијанието на Руската црква.

-На овој начин практично овој сеправославен секретаријат ќе ја преземе улогата на Вселенската патријаршија и би бил еден вид воспоставување рамнотежа меѓу ривалите Фанер и Москва, коментираат неформално аналитичарите.

Инаки, поглаварите одлучиле сите документи поврзани со точките кои ќе се најдат на дневен ред на „Големиот Собор на Православната црква“ да бидат јавно достапни пред неговото одржување, но откако работните комисии ќе ги усогласат текстовите.

Вселенската патријаршија со соопштение го потврди термнинот од 16 до 27 јуни 2016 како период во кој на Крит ќе се одржи Соборот.

Откако од дневниот ред отпаднаа трите клучни спорни прашања во Православната црква, „доделувањето на автокефалност„ „разликите за календарот“ и „Диптихот“, сега долгонајавуваниот собор практично ќе има протоколарен карактер.

-Официјално одобрени теми за Светиот и голем собор се: Мисијата на Православната црква во современиот свет, православната дијаспора, автономијата и начинот на нејзино прогласување, светата тајна брак и пречките во него, важноста на постот и неговото почитување денес, односите на Православната црква со останатиот христијански свет.

Поглаварите го одобриле и правилникот за работа на соборот. Одлучено е на почетокот и на крајот на Соборот да можат да присуствуваат набљудувачи од други христијански цркви.

Во соопштението на Константинополската патријаршија стои и дека поглаварите дале поддршка за православните христијани на Блискиот Исток.

Коментар(2)

  1. Не коментирајте работи, кои не Ви се познати, па иако се преставувате како аналитичари. Секоја институција има Секретеријат, но тоа не значи дека е парарелна институција на матичната. Во Руската Православна Црква постои Mежсоборное присуствие, кое за задача ги има подготовките за наредниот Архиерејски Собор на РПЦ, сите проблеми што се јавуваат во РПЦ во однос на Богословските науки или вво однос на општествените се решаваат тука и потоа на соборот се прифаќаат. Тоа е направено за да не се губи време, конкретно за подготовката на овој Вселенски Собор поминаа повеќе од 50 години и некои проблеми застареа, за да не се случи и во иднина така донесена е одлука Вселенските Собори да се одрѝуваат на секои 5 – 10 години, а Секретаријатот, кој е составен од членови, од сите засега признати 15 Цркви ќе ја има таа задача.
    Црквата не се раководи според земните закони, туку според Божјите, кои за невоцрковените луѓе се несфатливи.

  2. Ako e zabelezeno deka Ohridskiot Arhiepiskop Lav “Kumuval” za frlenata sizma vo 1054 godina i raskolot vo hristijanskiot svet na pravoslavni crkvi i katolicka crkva so primat na Papata kako prv medju ednakvite biskupi so sediste vo Vatikan.
    Dali preostanatiot pravoslaven svet koj e predvoden od Carigradskata/vselenska patrijarsija i Ruskata crkva ‘mozat i da zamislat ili pomislat’sto moze da im se sluci ako i samo ako Makedoskata Pravoslavna Crkva – Ohridska Arhepiskopija utre po Sepravoslavniot sobir koj ce se odrzo na Krit namesto na Sveta Gora-Atos, resi a tie sekako ne mozat da ja sprecat da svojot pat go pobara na drugo mesto i namesto da gi priznae niv za ednakvi na sebe gi povika na edinstvo nepriznaetite pravoslavni crkvi i eparhiii da zaedno go baraat i resavaat svojot status i svoite svetovni prava po primerot na protestanskite crkvi prema katolickata crkva.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *