Почетна Вести Христијанство Добар гест на грчкиот црковен сајт – вест за изборот на Партениј за епископ, на насловната страна на Ромфеа
Добар гест на грчкиот црковен сајт – вест за изборот на Партениј за епископ, на насловната страна на Ромфеа

Добар гест на грчкиот црковен сајт – вест за изборот на Партениј за епископ, на насловната страна на Ромфеа

995
0

Изненадувачки добар, позитивен и коректен текст осамна на насловната страница на еден од највлијателните грчки црковни сајтови „Ромфеа“, за изборот на Отец Партениј за викарен епископ на МПЦ-ОА. Ова текст на грчкиот црковен сајт се оценува како одличен гест и е за поздравување.

Во текстот насловен „За епископ е избран игуменот на манастирот Биргорски, Партениј“, се споделени и неколку фотографии од избоорот на Партениј во Синодот на МПЦ-ОА, но и од неговиот пречек во Бигроскиот мансатир.

За потенцирање е фактот дека во текостот нема никаков негативен контекст, туку напротив за Партениј се користи формулацијата епископ и игумен кој има и одржува одлични релации со Вселенската патријаршија и со владиците на грчката црква.

– Да се забележи дека новиот Епископ и Игумен на Бигорскиот манастир еден временски период престојувал под духовното раководство на блаженоупокоениот Старец Георгиј Капсанис, Игумен на манастирот „Свети Григориј“ на Света Гора. Исто така, г. Партениј одржува одлични врски со Светогорци и Јерарси, како од Вселенската патријаршија, така и од Грчката црква. Трогателен беше моментот кога братството и духовните чеда на Игуменот, му приредија срдечен пречек на својот Старец, веднаш после неговиот избор за Епископ, , пишува во текстот на „Ромфеа“.

Во останатиот дел текстот има информативен карактер, односно дека: „Светиот синод на таканаречената „Македонска православна црква“ неодамна избра Епископ, Игуменот на Светиот манастир Бигорски. Поточно, по предлог на митрополитот Дебарски, Тимотеј, игуменот Партениј беше избран за Помошник епископ на Митрополијата.“

Во текстот е наведен и податокот за титулата која ќе ја носи Отеце Партениј, како епископ Антаниски, но и датумот на неговата закажана хиротонија на 12 јули во Црквата Света Софија во Охрид.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *