Почетна Анализа До 2050 година Муслиманите ќе бидат побројни од христијаните во Македонија
До 2050 година Муслиманите ќе бидат побројни од христијаните во Македонија

До 2050 година Муслиманите ќе бидат побројни од христијаните во Македонија

967
1

Муслиманите ќе бидат мнозинско население во Македонија до 2050 година. Ова се вели во истражувањето на американскиот истражувачки центар “Пју” “Иднината на светските религии – проекции за растот на популацијата 2010-2050 година”. Според истражувањето, Македонија влегува во групата земји кои ќе имаат различно мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Во Македонија христијаните ќе бидат под 50 отсто од вкупниот број граѓани, а бројот на муслимани ќе расте и ќе биде над 50 отсто.

“Неколку држави се предвидува дека ќе имаат различно религиско мнозинство во 2050 година, во однос на 2010 година. Бројот на земји со христијанско мнозинство се предвидува дека ќе се намали од 159 на 151. Христијаните, се очекува да бидат под 50 отсто од населението во Австралија, Бенин, Босна и Херцеговина, Франција, во Холандија, Нов Зеланд, Република Македонија и во Обединетото Кралство. Муслиманите во 2050 година се очекува да бидат над 50 отсто од популацијата во 51 земја, меѓу кои и Македонија и Нигерија”, се вели во истражувањето на центарот “Пју”.
Во истражувањето на вашингтонскиот центар, Македонија се споменува и како една од земјите со најниска стапка на наталитет кај христијанскиот дел од населението.
“Земјите во кои христијаните ќе имаат највисока стапка на наталитет во периодот од 2010 до 2015 година се Замбија, со просек од 6,3 деца по жена, и Чад, со 6,2 деца по жена. Христијаните имаат најниска стапка на наталитет во Португалија – 1,3 деца по жена, Јужна Кореја (1,3), Сингапур (1,1), Република Македонија (1,1) и Босна и Херцеговина (1,1).
Според истражувањето, религиозната ориентација во светот рапидно се менува, примарно водена од разликите во стапките на плодност и големината на млади популации меѓу главните религии во светот, како и поради менување на вери. Во текот на следните четири децении, христијаните ќе останат најголемата верска група, но исламот ќе расте побрзо од која било друга голема вера.

hristijani musli“Бројот на муслимани речиси ќе се изедначи со бројот на христијани во светот. Во 2010 година христијаните беа најбројна религија, со 2,2 билиона верници или 31 отсто од вкупната популација во светот. Муслиманите беа втора, со 1,6 билиони верници или 23 отсто од вкупната популација. До 2050 година ќе се приближат муслиманите, кои ќе бидат 2,8 билиони или 30 отсто од населението, и христијаните – 2,9 милиони или 31 отсто”, се вели во истражувањето на “Пју”.
Во текот на истиот период, кај муслиманите, релативно младата популација со висока стапка на плодност се предвидува да се зголеми за 73 насто. Бројот на христијаните, исто така, се предвидува да се зголеми, но побавно, со стапка од 35 насто.
Според истражувањето на глобално ниво, муслимани имаат највисока стапка на наталитет, во просек, од 3,1 дете по жена, што е над нивото од 2,1 потребен минимум за да се одржи стабилна популација. Христијаните се втори со 2,7, хинду со 2,4 и Евреите со 2,3 деца по жена. Сите други групи имаат ниво на плодноста премногу ниски за да ги одржат нивните популации, и тоа народни религии 1,8 деца по жена, други религии 1,7, нерегистрирани 1,7 и будистите 1,6.
Меѓународната миграција е уште еден фактор кој ќе влијае врз предвидената големина на религиозни групи во различни земји и региони.
Во Европа бројот на муслимани се очекува да се зголеми од 5,9 отсто во 2010 година во 10,2 отсто во 2050 година поради миграцијата. Без миграцијата, муслиманскиот дел од населението во Европа се очекува да биде 8,4 отсто, што е речиси за два процента пониско.
“Со оглед на брзиот проектиран пораст 2010-2050 во муслиманскиот дел од населението во светот, ќе бидат ли муслиманите на крајот побројни од христијаните? Ако главната модел проекција се прошири надвор од 2050 година, муслиманскиот дел од населението во светот би бил еднаков на христијаните до 2070. После тоа, бројот на муслиманите ќе го надмине бројот на христијани, до 2100 година, муслиманите за еден отсто ќе бидат побројни од христијаните, односно муслиманите ќе бидат 35 отсто од вкупната популација, а христијаните 34 отсто”, се наведува во истражувањето.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *