Почетна Анализа ДНЕВНИК: Судирот меѓу Реисот Реџепи и имамот Бајрами е отвори фронт на ИВЗ со текфирите
ДНЕВНИК: Судирот меѓу Реисот Реџепи и имамот Бајрами е отвори фронт на ИВЗ со текфирите

ДНЕВНИК: Судирот меѓу Реисот Реџепи и имамот Бајрами е отвори фронт на ИВЗ со текфирите

356
0

dnevnik ivzЖестокиот напад и обвинението дека е „монструм“, кое реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи го упати кон имамот Садула Бајрами, во основа се судир со движењето во исламот што се нарекува текфири, а кое било се поприсутно во земјава, пипува дневниот весник „Дневник“.

Според сознанијата, на „Дневник“ во ИВЗ се смета дека токму Бајрами, кој држи недозволени проповеди во незаконски објект, е токму дел од таа групација, која има и други приврзаници. Во оваа група биле и Реџеп Мемиши, кој е притворен и осуден по полициската акција „Ќелија“, во која биле откриени радикални исламски структури, и Шукри Алиу, исламски теолог, кој издржува затворска казна поради сторени кривични дела.

– Се работи за една од најрадикалните групи што се појавиле во рамките на исламот, а која нема ништо заедничко со традиционалниот ислам, кој со векови се проповеда на нашите простори. Тие сакаат своето учење да го всадат на нашите простори и да добијат што повеќе приврзаници. Исламот што тие го шират е неприфатлив и ние ќе му се спротивставиме, изјавиле од ИВЗ за „Дневник“.

Познато е дека откако имамот Бајрами упати повик до младите муслимани да не се образоваат на факултети бидејќи тоа „било недозволиво“, реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи го нарече „монструм и странски платеник, кој промовира сомнителни струења меѓу муслиманите во Македонија“.

-Се чини дека во последно време тие створиле неколку гнезда, каде што се обидуваат да индоктринираат одредени млади луѓе. Но, со помошта на Алах, тие гнезда ќе се растурат и на таквите елементи ќе им се забрани нивното пропагирање, кое е сосема погрешно и исклучиво го вршат за да се оправдаат пред своите налогодаватели – изјави Реџепи.

HezbollahНелегалната џамија кај бензинската пумпа во скопската општина Чаир е само еден од центрите во кои, според ИВЗ, Бајрами го шири своето учење. Од она што тој го објавува по социјалните мрежи се гледа дека неговите петочни проповеди се мошне посетени од помлади муслимани.

– Текфирите се најекстремната и најрадикална исламска групација што досега се појавила. Тие покажуваат нетрпеливост и кон самите муслимани што практикуваат традиционален ислам. Наједноставно кажано, за секој муслиман што не прави обреди како нив сметаат дека не е муслиман. Си земаат за право да пресудуваат кој е вистински муслиман, а кој не. Наредуваат муслиманите да не се образоваат иако еден од првите ајети во Kуранот е „да учиш а не да одиш на слепо“, објаснуваат соговорниците на „Дневник“ од оваа верска заедница.

Текфирите како движење во рамките на исламот се појавило во 1975 година, во Египет, а за негов основач се смета младиот инженер по агрономија Шукри Мустафа, за кого движењето Муслимански браќа, на кое тогаш му припаѓал, не било доволно радикално. Тој застанал на ставот дека денешните муслимански општества се „невернички“, бидејќи не судат според Божјите закони. Оние што живеат во такви општества мора да се преселат во заедници уредени „според Божјата волја“, по примерот на преселбата на Божјиот пратеник Мухамед од Мека во Медина. Затоа, муслиманите што не го прифаќаат тоа се прогласуваат за неверници и отпадници.

Во ИВЗ наведуваат дека освен Бајрами во Скопје, во рамките на оваа групација, дејствуваат уште некои други исламски теолози, кои не се дел од оваа верска заедница. Со апсењето на Реџеп Мемиши и други радикални елементи, нивниот број на теренот бил намален.

ISIS-MapОд ИВЗ не наведуваат како натаму ќе се справуваат со Садула Бајрами. Во своето остро обраќање реисот рече дека таквите центри ќе се елиминираат.

-Со помошта на Алах, тие гнезда ќе се растурат. Да бидеш платен од надвор за мисија што што предизвикува забуна меѓу луѓето претставува ѓаволска работа – порача реисот.

Од Kомисијата за односи со верските заедници вчера изјавија дека ИВЗ може да побара од МВР Бајрами да биде отстранет од нелегалната џамија во Чаир бидејќи нелегално и незаконски држи проповеди.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *