Почетна Вера „ДНЕВНИК“: Лажицата со која се причестува не се мие, но ниту еден граѓанин не се заразил
„ДНЕВНИК“: Лажицата со која се причестува не се мие, но ниту еден граѓанин не се заразил

„ДНЕВНИК“: Лажицата со која се причестува не се мие, но ниту еден граѓанин не се заразил

1.46K
0

Откако паметам како свештеник, ниту еден верник досега не ми се пожалил дека добил некаква инфекција од тоа што се причестувал со иста лажица што ја користеле уште стотици други верници. Не знам ни за случај дека се инфицирал некој од нас свештениците кои на крајот, по сите луѓе, исто така се причестуваме по одржаната литургија, изјави отец Горан Стојчевски од централниот соборен храм на МПЦ-ОА „Свети Kлимент Охридски“ во Скопје за „Дневник“.

Неговата изјава е своевидна потврда на искуството во православните цркви во светот, според кое, досега не се забележани примери на ширење инфективни болести преку користењето само една лажичка од страна на стотици верници.

G.S.

Отец Горан наведува дека и во овој храм, како и во сите други на нашата православна црква, причестувањето со врши со една иста лажичка и чаша со вино, кои ги користат сите присутни верници што се дојдени да се причестуваат.

Тоа е верски обред во текот на кој православните христијани во вид на леб и вино ги примаат телото и крвта на Исус Христос, што симболизира кулминација на љубовта и заедништвото меѓу Бог и човек. За причестување верниците се подготвуваат со пост и молитва, а тоа може да се прави по секоја света литургија.

– Оваа света тајна на причестување ја утврдил самиот Господ Исус Христос на Тајната вечера. Тој тогаш кажа: „Kој го јаде моето тело и ја пие мојата крв, има живот вечен и јас ќе го воскреснам во последниот ден. Kој го јаде моето тело и ја пие мојата крв, ќе живее во мене и јас во него“. Лебот и виното со кои се причестуваат верниците се неговото тело и крв. А при тој обред се користи само една лажичка за сите – наведува отец Горан.

Опасноста од пренесување инфекции при причестувањата постои од причина што верниците го испиваат виното преку една иста лажичка која ја ставаат во устата, а таа потоа се враќа во една иста чаша со вино. Практично, се случува мешање на бактерии и вируси кои потенцијално ги носат десетици веќе инфицирани луѓе и кои лесно може да се пренесат на оние што се до тој момент здрави. Но, и покрај ова, свештениот Горан Стојчевски наведува дека не се случило ширење на некоја инфективна болест.

– Kога пристапуваме кон причест, тогаш пристапуваме со чиста вера во спасение и во вечен живот. Тоа го примаме преку телото и крвта на Исус Христос, што е најчист однос – вели тој.

Вековните искуства во православните цркви покажуваат дека причестувањата не биле извор на инфекции ниту во периодите кога немало вакцини за заштита на луѓето од заразни болести.

Со сета должна почит, но како може да се дознае дали некој се инфицирал преку таа лажичка кога постои период на инкубација додека да се разболиме, тој некој нема да падне болен истиот миг. Исто така, на богослужба обично доаѓаат луѓе кои во тој момент не се легнати во кревет од грип или слично.

Правило е верниците да се причестуваат во текот на четирите големи пости – божикни, велигденски, петровденски и богородични, но препораката е што почесто причестување.

Освен пост, како подготовка за причест се подразбира и воздржување од лошите и зли дела, помирување со некоја скарана личност, правење добри дела, односно воздржување од гревот. Истовремено, се бара и верникот да му ги исповеда своите гревови, доколку ги има, на својот духовен татко.

САМО СЕ БРИШЕ СО ОБИЧНА КРПА

Интересно е да се наведе дека лажицата за причест откако ќе биде употребена од страна на стотици верници, никогаш не се мие со вода или со некој детергент.

– Откако како последни ќе се причестиме и ние свештениците, таа лажичка само се брише со обична крпа и се остава настрана до следна употреба. Значи, не правиме никаква дезинфекција или нешто слично со цел да не се шири некаква инфекција меѓу верниците – вели отец Горан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *