Почетна Вести Дипломатијата над вистинското црковно единство
Дипломатијата над вистинското црковно единство

Дипломатијата над вистинското црковно единство

217
0

sepravoslaven sobor slikaАнтиохиската патријаршија одлучи сепак да учествува на Сеправославниот и Голем собор на Крит во јуни оваа година. Иако проблемот со Ерусалмиската патријаршија, околу јуриздикцијата врз Катар останува, сепак Синодот на Антиохиската црква одлучил ова прашање привремено да го „замрзне“, а решение да се бара подоцна.

Одлуката е донесена само во насока да може да се обезбедни непречено патување на Патријархот Јован на Соборот на Крит.

Според соопштението на Антиохиската патријаршија, спорот за решение е префрлен во специјална синодска комисија, која практично го ослободува Патријархот Јован од обврската да бара тоа прашање да биде поставено на работата на Сеправославниот собпр.

Оваа одлука сепак е резултат на дипломатските црковни активности на Вселенската патријаршија, со цел да се овозможи Соборот да помине во духот на единството на Православието.

Сепак според верските аналитичаро, ова е само ставање на проблемите под тепих и демонстрирање привидно единство во Православието. На сите им е јасно дека тоа единство повеќе е политка, отколку „братска Христова љубов“ меѓу патријарсите на една од четирите древни патријаршии.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *