Почетна Вести Димитриев – Паролин: Македонија и Ватикан ги поврзуваат духовни и културни вредности
Dimitriev i parolin 7

Димитриев – Паролин: Македонија и Ватикан ги поврзуваат духовни и културни вредности

121
0

Република Македонија и Ватикан споделуваат заеднички духовни и културни вредности кои претставуваат цврсти мостови меѓу двете земји. Билатералните односи се одлични, но постои можност за нивно унапредување во областа на културата, науката и здравството, оценија претседателот на Владата за спроведување на изборите Емил Димитриев и државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пиетро Паролин по денешната негова прва официјална посета на Македонија.

– Цивилизациското наследство на Мајка Тереза и светите браќа Кирил и Методиј создадоа нераскинливи историски врски за кои се обврзавме дека ќе ги негуваме и во иднина. Го поздравуваме досегашниот развој на билатералните односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол, релации кои се одраз на меѓусебно разбирање и искрена почит. Се согласуваме дека пред нашите две земји стојат неискористени потенцијали за нивно натамошно унапредување, како на билатерален, така и на меѓународен план, истака Димитриев.

Тој и ватиканскиот Кардинал разговарале за, како што оценува, плодната соработка во областа на културата, здравството, науката, образованието, покренувајќи иницијативи за дополнително проширување на соработката во сферите на заемен интерес.

– Оценивме дека длабоката традиција на меѓурелигиска толеранција и почитувањето на различните верски чувства во Република Македонија е вредно богатство и фундамент на човековите слободи, а нашата земја е пример за негување на мултиконфесионално општество. Посебно ја истакнавме плодната соработка со Католичката црква во РМ и нејзината конструктивна улога како столб на меѓунационалниот и меѓурелигискиот соживот, вели Димитриев.

Кардиналот Паролин се согласува дека односите меѓу Македонија и Ватикан се одлични и дека постои можност за нивно продлабочување.

– Сепак, на средбата посочивме на можноста за подобрување на тие односи во одредени точки. Заклучивме дека споделуваме заеднички вредности меѓу кои промовирањето на мирот, духовните вредности, соживотот, почитувањето на различностите… Се се тоа вредности кои носат подобрување на животот во едно општество, изјави на заедничката прес-конференција Кардиналот Паролин.

Dimitriev i parolin 7На средбата со владината делегација станало збор и за повеќе етички теми кои се однесуваат на животот, семејството и бракот. Разговарано било и за почитувањето меѓу религиите, но и за проблемите кои се врзани со манипулација на религиозните чувства како причина за создавање конфликтни ситуации.

-Го споменавме, и односот меѓу државата и Католичката црква. Македонските власти посветуваат големо внимание кон католичката заедница, постои отвореност кај нив да разговараат за сите проблеми што ќе се појават и желба за изнаоѓање соодветни решенија, рече државниот секретар на Ватикан.

Димитриев и Паролин разговарале и за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија.

– Поддршката од Ватикан секогаш имала голема важност за нас, апелиравме таа да продолжи со уште поголем интензитет во периодот кој следува, вели Димитриев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *