Почетна Вера Димитриев, Димовски и Чадиев на Ифтар во Велес
Димитриев, Димовски и Чадиев на Ифтар во Велес

Димитриев, Димовски и Чадиев на Ифтар во Велес

183
0

veles iftar 2Премиерот Емил Димитриев присуствувал на ифтар вечерата организирана во Велес за жителите на градот од муслиманска вероисповест.

На вечерата бил Градоначалникот Славчо Чадиев и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

– Различностите во Македонија се наша предност и богатство кои треба да ги негуваме, а ВМРО-ДПМНЕ тоа го препознава од дамнина уште од Крушевскиот манифест, кој е еден од најавтентичните граѓански акти кои нашата организација го има донесено од минатото, како и од политиката која сега ја спроведуваме, потенцирал Премиерот Димитриев во честитката за месецот Рамазан.

На дело покажуваме, додаде, дека оваа партија прерасна во граѓанска  партија во која се обединуваат сите етнички структури.

– Како верник немам  проблем да  живеам со вистински верници од различни вероисповеди. Мене ме загрижуваат луѓе  кои недоволно ја познаваат верата и се предмет на структури кои не  мислат  на добро  за иднината на земјава. Затоа давам силна  поддршка на учењето на     верските доктрини,  на нормите на сите религии кои егзистираат во  Македонија, бидејќи  тие проповедаат мир, соживот, соработка. Тоа е богатство на Македонија како мултиетничка држава  и треба да го одржуваме, а овој месец нека ви помине со позитивни мисли и добри дела, порача премиерот Димитриев.

veles iftar

Благодарност за организирирањето на Ифтар вечерата искажал Нијаз Мустафовски, имам од Велес.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *