Почетна Вера ДИМИТРИЕВ: Да продолжиме да градиме и создаваме заеднички
ДИМИТРИЕВ: Да продолжиме да градиме и создаваме заеднички

ДИМИТРИЕВ: Да продолжиме да градиме и создаваме заеднички

104
0

veligden jajca– Ваше блаженство, дозволете ми во мое лично име и во име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници во Македонија и во дијаспората, да Ви го честитам најголемиот христијански празник Велигден и да Ви посакам величествено велигденско празнување, пишува Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите Емил Димитриев во честитката до Поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан за големиот христијански празник Христово Воскресение – Велигден

– Христовото жртвување е спас за сите нас и за целото општество. Исус воскресна и страдањето го направи блажено, ја помири борбата помеѓу доброто и злото и направи пат кон уживање во благодетите на животот. Токму затоа, нема поголема радост и восхит од празнувањето на животот и тоа не било каков живот, туку живот насочен од Бога, живот по патека која долго во минатото му беше непозната на човековиот род. Нашиот спасител Исус се жртвуваше за нас луѓето и ни дари храброст и духовна крепост да не водат низ нашите животи, се потенцира во честитката.

Токму затоа, се посочува, во овие убави велигденски денови нека надежта, почитта и љубовта кон нашиот спасител ја исполнат нашата душа и нека ги насочат нашите мисли кон препознавање на великодушниот подвиг и вистинските вредности во животот.

– Да празнуваме во мир и да се радуваме на големиот празник. Да бидеме чисти пред себе и пред нашиот Бог. Нека Бог е со нас, со нашиот народ и со нашата држава. Да ни дарува мудрост, но и единство, солидарност кое ни е потребно во овие мигови. Да се вратиме на патеките на напредокот и да продолжиме да градиме и создаваме заеднички и силно за нашата заедничка татковина. Да љубиме и да се помагаме, да шириме добра мисла и да се почитуваме, да бидеме скромни и милостиви, да правиме добри и богоугодни дела и на тој начин вистински да се заблагодариме на нашиот спасител и неговата љубов кон нас. Нека ни е честит и вековит Велигден! Христос Воскресна! Навистина Воскресна!, се истакнува во честитката од Димитриев до г.г. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *