Почетна Вера ДИМИТРИЕВ: Да посакаме благодет за мудрост и добри дела
ДИМИТРИЕВ: Да посакаме благодет за мудрост и добри дела

ДИМИТРИЕВ: Да посакаме благодет за мудрост и добри дела

20
0

– На овој прекрасен ден, секоја година одново и одново се потсетуваме на големата љубов на нашиот Бог-Создател, на неговата милост да ни ги открие најдлабоките тајни поврзани со облагородување на душата и прочистување на срцето, пишува Емил Димитриев, Премиер за спроведување на изборите, во честитката до Архиепископот г.г. Стефан за христијанскиот празник, Богојавление.

За оваа цел, Бог се јави и го испрати нашиот спасител Исус да се покрсти и да ни го покаже патот на благочестивоста и на искрената заедница со нашиот Бог, стои во честитката.

– Да си посакаме Божја благодет, мудрост, сила и поткрепа да правиме добри дела, да гледаме напред, да се сакаме и почитуваме, да и помогнеме на нашата земја да ги надмине сите препреки пред кои е исправена и да продолжи да чекори напред, силно и достоинствено, решително и одлучно, во интерес на подобриот живот на сите граѓани на Република Македонија. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник! Бох се јави! Навистина се јави!, вели во честитката Димитриев.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *