Почетна Вести Деветте тајни на патријархот Павле
Деветте тајни на патријархот Павле

Деветте тајни на патријархот Павле

262
0

Српските медиуми деновиве објавија девет работи за поранешиот Српски патријарх Павле, за кои тврдат дека се дел од неговиот живот, а за кои јавноста досега не знаела. Тоа се приказни за насатани од неговиот жиовт, што неговите соработници сега ги обелоденуваат.

Еве што не сте знаеле за покојниот Српкси патријарх.

1.МОЛИТВА ЗА СИТЕ

Кога бил Владика во една посета на Косово се соочил со една чудна случка. Го сретнала вооружена кососва банда, која побарала од него да клекне и да се моли за сите натрадани Албанци. Павле, наводно мирено и трезвено им оговорил дека тој клечејќи се моли во Црква и тоа за сите невино натстрадани жртви, без разлика на нивната националност и вера. Иако за овој настан нема многу детали, сепак Павле поминал неповреден.

2.СПАСИЛ ДАВЕНИК

Уште додека работел како воспитувач успеал да спаси давеник од екстремно ладна вода. Како поседица на тоа добил смртоносна туберкулоза. Лекарите му давале само три месеци живот, но тој сепак успеал да се спаси и да доживее длабока старост.

3.ДРУГАР ОД ШКОЛСКИТЕ КЛУПИ

Никој не знае дека Патријархот Павле, додека учел во гиманзијата во Тузла, заедно во клупа седел со Меша Селимовиќ.

4.ТРОШКИТЕ ОД ЛЕБОТ

Во едан прилика кога завршил со ручекот, Павле ја зел салфетката пред пред себе на која имало неколку трошки леб и собирајќи ги сите ги изел. Присутните зачудени го прашале зошто тоа го прави, а тој им одговорил дека тие не знаат што значи глад.

5.ПАТ СО АВИОН

Во една прилка кога патувал со авион и кога над окенаот се случувала турбуленција, младиот Архиереј, кој патувал со него, го прашал што мисли ако авионот се случи. Павле смирено му одговорил: „Во однос на себе, тоа ќе го прифатам како акт на праведност, бидејќи толку многу имам изедено риби, што би било чудно тие мене да не ме изедат“.

6.МИЛИОНИ ОСТАВИЛ НА ЦРКВАТА

На потомците од својот брат, како најблиски роднини, им оставил само будилник и саат. Останатите работи, меѓу кои и неговите ордени, сите пишани дела, кои се проценуваат на вредност од неколку милиони евра и ги оставил на црквата.

7.ЈАДИ ВО СЕБЕ

Велат дека Павле знаел да биде и строг. Во една прилика, кога на трпеза седеле повеќемина и кога пред почетокот на ручекот сите заеднички се молеле, Павле приметил дека еден монах не се моли. Го прашал зошто? На тоа монахот му одговори дека се моли во себе. Патријархот веднаш му возвратил дека сега треба и да јаде во себе.

8.МУЗИКАЛЕН ЧОВЕК

Малкумина знаат дек тој бил исклучителен пејач. Уживал во пеење на духовни песни.

9.ЛИЧНА КАРТА

Роден е 1914 година како Гојко Стојчевиќ, а во 1948  се замонашил во манастирот Благовестије. Израсанал со својата тетка од татко. Сакал да биде лекар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *