Деца од Косово и од Македонија учеле српска црковна инсторија и култура на црковен камп

Date:

Share post:

Црковниот портал на МПЦ-ОА, Литургија.мк, објави вест дека деца од Македонија и од Косово и Метохија биле на летен камп во Хиландарското село. Кампот бил организиран од Добротворно-образовното здружение на манастирот Хиландар „Теофил 1198“, а под покровителство на светогорскиот манастир „Хиландар“ (манастир на СПЦ). Хиландарското село се наоѓа во Сијаринска Бања, во Србија, а од 4 до 10 август, на кампот учествувале триесет и шест деца од Косово и Метохија и од Македонија.

Во веста пишува дека децата од Косово и Метохија престојувале во Хиландарското село со благослов на Архиепископот и Митрополит рашко-призренски Теодосиј (од Српската Православна Црква), додека децата од Македонија биле од Здружението „Мир, слога и стабилност“.

-Детските кампови претставуваат важен дел од активностите на манастирот Хиландар во рамки на проектот „Хиландарски светилник“, кој е посветен на работа со деца и млади, пишува во веста на Литургија.мк.

Но, кога ќе се отвори линкот од изворот на веста, кој води до официајлната страница на некоја фондација за наследство на Хиландарскиот манастир, можат да се прочитаат целите на овој камп. А таму пишува дека основната цел на кампот е „поблиску запознавање на младите од сите српски области, преку различни духовни, образовни, уметнички и спортски активности и работилници“.

Во деталното објаснување на програмата пишува дека за време на часовите по веронаука се учела историјата на Српската црква. Часовите по ликовно биле посветени за учење на српската уметност низ вековите. Часовите по фолклор биле посветени на запознавање со сите српски традиционални ора, запознавање со српските носии, а биле и облекувани во традиционални носии од Пеќ. Часовите по музика исто така биле посветени на српската музика, или како што се заклучува во текстот, сите активности биле во насока децата што повеќе да научат за српската култура, традиција и вера.

Овие информации, кои се суштински важни, Литургија.мк не ги пренесува во својата вест.

Проверката пак на здружението од Македонија, преку кое биле децата на овој камп, покажува дека најверојатно станува збор за невладина организација на српското малцинство во државата. И ако е тоа така, има логика во учеството на децата на тој камп.

Но сепак останува непознато зошто официјалниот црковен портал на  МПЦ-ОА ја има објавено оваа вест. Вака како што е напишана, остава големи сомнежи дека можеби идејата е промовирање на овој црковен кампм меѓу верниците на МПЦ-ОА.

1 COMMENT

  1. Нејасно ми е што тука е контроверзно, макар биле децата и со македонско етничко потекло. Градењето мостови и разбирања помеѓу заедниците, посебно во подрачја засегнати со тежок историски товар, е за поздравување. Иако не се согласувам со одредени делови од црковната политика на СПЦ, ова не е лош потег. Поголемото меѓусобно разбирање и поголемото меѓусобно познавање води единствено кон поголема почит и, се разбира, потраен мир. На ред е сега нашата црква да издејсвтува слични кампови не само за деца од Србија, него и од Бугарија, Албанија, Грција, и пошироко, за да се запознаат сите со придонесите на македонската црква и македонскиот народ во пошироката европска, а богами и светска, култура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img