Почетна Вести Христијанство Дескоска: Секоја година одам на Водици
Дескоска: Секоја година одам на Водици

Дескоска: Секоја година одам на Водици

293
0

Министерката за образование Рената Тренеска-Дескоска вели дека вчера била приватно на фрлањето на крстот за Водици во Скопје. Централната прослава за верскиот празник Богојавление Водици во Скопје се одржа на мостот Слобода кај хотелот „Холидеј ин“, каде архиепископот охридски и македонски Г. Г. Стефан ги освети водите и го фрли крстот во реката Вардар. Меѓу присутните во друштвото околу владиката Стефан на церемонијата беше и министерката Тренеска-Десковска.

-Секоја година одам на фрлање на крстот, уште од студентски денови. На овој ден и дома славиме именден со гости. Традиционално, сите години досега прво одиме на фрлање на крстот, потоа во црква“, вели министерката за образование Тренеска-Дескоска во изјава за СДК.МК.

На церемонијата во Скопје во друштвото околу владиката Стефан беа и претседателката на Советот на Град Скопје Љубица Јанчева, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски и ексградоначалникот на Скопје Коце Трајаноски.

Премиерот Зоран Заев денеска беше на осветување на водите и фрлањето на крстот во реката Дрим во Стуга.

„Денеска бев во Струга, на денот кога водите на Охридското Езеро и на реката Црн Дрим се преобразуваат во свети води за да нѐ потсетат на денот кога Исус Христос се крштеваше во светите води на реката Јордан. Овој ден, празникот Богојавление Водици нѐ потсетува и на тоа дека сѐ може одново да се измие, очисти, обнови и повторно да се роди. Да си посакаме подобра иднина, здравје и посилна добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на заеднички план“, напиша од Струга премиерот Заев на својот фејсбук профил .

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *